Во Кичево синоќа се одржа третиот мирeн протестен марш против поскапувањето на електричната енергија. Протестот се одржа на градскиот плоштад , потоа продолжи по булеварот „Ослободување” , до улица „11 септември” , каде патот беше блокиран од полицијата.
Организаторите на протестот кој се одвиваше под мотото ” И Кичево протестира против ЕВН” , посочуваат дека тие се организираа како реакција на поскапувањето на струјата и немаат никаква политичка позадина, нивните барањата се од економски карактер.
Тие ги имаа истите барања како и во претходните протести, поништување на одлуката за поскапување на струјата, намалување на цената на струјата за 46 отсто , намалување на ДДВ од 18 отсто на 5 отсто, како и распуштање на Регулаторната комисија за енергетика.
Тие сметаат дека потребно е независно арбитражно тело кое ќе ја регулира и оценува услугата која граѓаните ја добиваат од енергетските компании. Протестот заврши мирно.