Главната уредничка на Алфа ТВ, Искра Коровешовска, на својот ФБ профил со потценувачки однос кон колегите новинари претставници на другите телевизии кои вчера учествуваа на дебатата Отворено студио на МТВ1, во која премиерот Зоран Заев одговараше на поставените прашања од присутните новинари.
Коровешовска вели дека од сите само претставникот од Алфа ТВ присутен на дебатата е на сериозна уредувачка позиција и му посочува на премиерот Заев да се замисли зошто не е интересен за другите високи уредувачки политики за медиумите, освен за Алфа ТВ.
На вчерашната дебата Отворено студио на МТВ, премиерот Заев одговараше на прашањата од новинарите: Горан Теменугов од ТВ Алсат М (новинар, уредник на вести и уредник на економската редакција), Љубиша Цветкоски од ТВ 21 (уредник и водител на емисијата „Клик плус“), Јулијана Кимовска Николовска од Канал 5, Деспина Тодоровска од Сител, Ружица Фотиновска од ТВ 24 и Драган Милосављевиќ од Алфа ТВ.
Меѓу новинарската фела се прашуваат како е можно Коровешовска од Алфа ТВ да си дозволи ваков потценувачки коментар кога, на пример, еден од новинарите во дебатата е Горан Теменугов, кој има повеќе од 20 години новинарска кариера, работел во телевизии, радио, дневни весници и неделници, а во моментов е ангажиран во Алсат-М ТВ како новинар, уредник на вести и уредник на економската редакција.
Д. Е.