Инспекциските служби предложиле казна до 100.000 евра за рудникот „Саса“, откако вчера нивни јаловишни води истекле во Каменичка река во Македонска Каменица, пренесува МОФ.
„Согласно извештајот од направениот увид на водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во правното лице Рудник „Саса“ направен е теренски увид со фотографирање и увид во документација. Притоа се констатира следното: Во раните утрински часови во 5.45 па се до 7.15 часот се случило испирање на јаловишен песок од 3.000m3 од хидројаловиште бр.4, поради контактна филтрација во десниот бок. Овој материјал разлеан со вода од реката Каменица довел до заполнување на зафат на мала хидроелектрана и речното корито на реката притоа загадувајќи ја со јаловишен материјал од хидројаловиште бр.4. кое било и се гради од песок на хидроциклони со насипување во влажна состојба“, стои во извештајот од вонредниот инспекциски надзор на ДИЖС.
Од страна на водостопански инспектор понуден е Записник за започнување на постапка за спогодување согласно член 212-ж за Прекршоци од трета категорија, а правниот субјект треба да постапи согласно предложените мерки за заштита наведени во Записникот за констатација и Решението во инспекциска постапка.
Извор: МОФ