Неофицијално дознаваме дека МВР го лоцира и го доведе убиецот на Саздо пред македонскиот суд Денеска од Германија.
Како што дознаваме од наши извори во полицијата, екстрадиран е Ј.Љ. (21) од Скопје, осомничен за убиството на Никола Саздовски на 29.06.2018, кој веднаш по убиството избега од државата.
Македонската полиција, по распишаната меѓународна ппотерница активно трагаше по Ј.Љ и откако бил лоциран, била контактирана германската полиција која го привела. Детали очекуваме во текот на денот од МВР.