Досега во земјата се направени вкупно 176.017 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16780, бројката на оздравени пациенти е 13949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2131.
Во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 10
-Куманово 4
-Штип 1
-Прилеп 1
-Тетово 5
-Гостивар 4
-Крива Паланка 1
-Радовиш 1
-Кочани 9
-Пробиштип 1
-Берово 5
-Делчево 1
-Кичево 2
Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62г), еден од Дебар (54г), пациентка од Штип (53г), пациентка од Прилеп (66г), пациент од Кочани (66г) и еден пациент од Свети Николе (23г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти.