Пратеникот од редовите на СДСМ и доскорешен портпарол на партијата, Костадин Костадинов пред македонското Собрание одговори на новинарско прашање за државната помош за приватните компании и нагласи дека таа помош е за сите компании и вработени, независно од нивната етничка припадност.
Поддршка добивале и ќе добиваат сите компании и вработени без разлика на нивната етничка или каква било друга припадност. Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев ќе направат се, за уште повеќе да ги помогнат компаниите во оваа криза!, напиша Костадинов на својот профил на Фејсбук.