Низ отворен процес на соработка покажавме дека можеме да ги надминеме спорните прашања од минатото и да се сплотиме околу она што е заедничко за иднината на Македонија и Бугарија, а тоа е засилена соработка, партнерство и заемна доверба. Делчев не може да нè двои, Делчев дејствувал за напредни идеи кои поврзуваат.
Ова го истакнува премиерот Зоран Заев во интервју за Локално, кој вели дека односите со Бугарија ги темелиме на Догоорот за добрососедство и соработка меѓу двете земји кој е добра појдовна точка за затворање на сите отворени прашања.
-Убеден сум дека постои добра шанса, секое отворено прашање, па и во однос на Гоце Делчев да најдеме решиме на начин на кој и двете страни ќе бидат задоволни. Низ отворен процес на соработка покажавме дека можеме да ги надминеме спорните прашања од минатото и да се сплотиме околу она што е заедничко за иднината на двете држави, а тоа е засилена соработка, партнерство и заемна доверба. Делчев не може да не двои, Делчев дејствувал за напредни идеи кои поврзуваат, вели премиерот во интервјуто
Додава дека во негова чест и во чест на неговите големи идеи и дела, сигурен сум дека и македонскиот и бугарскиот народ, и двете држави ќе го следиме патот кој води напред, а кој веќе ни е јасно исцртан и со Договорот и низ евроатлантските процеси.