ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи, Николовски и Бектеши: Регионална енергетска соработка за побрз економски развој, С. Македонија и Грција станаа пример за добрососедска соработка

Неискористениот потенцијал за соработка од минатото го трансформираме во исклучително партнерство, од кое корист ќе имаат не само граѓаните од двете земји, туку и целиот регион, истакна Битиќи.

September 28, 2020 18:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Официјална делегација на Владата на Република Северна Македонија, во чиј состав се заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со заменикот на претседателот на Владата за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши, денеска реализираше еднодневна работна посета во Солун, Република Грција.
Во претпладневните часови, вицепремиерот Битиќи, вицепремиерот Николовски и министерот Бектеши, учествуваа на тркалезната маса на тема: „Регионална енергетска безбедност и соработка“, на која учествуваа државниот секретар на САД, Мајкл Помпео,  министерот за развој, конкурентност, инфраструктура, транспорт и врски во Владата на Република Грција, Костис Хаѕидакис, амбасадорот на САД во Република Грција, Џефри Пјат и амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз.

По завршувањето на тркалезната маса вицепремиерот Битиќи посочи дека ова е одлична можност да се разменат искуствата во делот на енергетиката, потенцијалите за соработка и да се разговара за идните активности во насока на подобрување на енергетската поврзаност. „За Северна Македонија, како мала и увозно зависна земја од електрична енергија, регионалната соработка е круцијална, особено поради  конекциите на земјата за електрична енергија со Србија и Грција како и коридорот за пренос на електричната енергија од Бугарија до Грција“, додаде вицепремиерот.

„Важноста и потребата за регионалната соработка се дел и од приоритетите во Стратегијата за енергетика која дефинира конкретни мерки и проекти од аспект на прекуграничното поврзување. Енергетиката е составен дел на денешното живеење, особено што овој сектор не подразбира само производство и дистрибуција на електричната енергија, туку, во него спаѓаат гасот и горивата, како и енергетската ефикасност. Токму преку зголемување на регионалната соработка на полето на енергетиката, гледаме голема можност и потенцијал за креирање на одржлива и развојна економија, што е врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија во следните четири години“, нагласи Битиќи.

Северна Македонија е посветена на спроведување на реформите во енергетскиот сектор и исполнување на обврските кои произлегуваат од Договорот за основање на Енергетска заедница. Имплементирани се одредбите и обврските што произлегуваат од Третиот енергетски пакет на ЕУ и Директивата за обновливи извори на енергија. Напредокот од земја последна во регионот – во земја со исклучителен напредок е нотирано и во Извештајот на Енергетската заедница. Цел е да се стават во функција сите капацитети и да се впрегне целиот неискористен енергетски природен потенцијал што Северна Македонија го поседува. Планот на Владата е сериозно да го зголемиме домашното производство на електрична енергија, од обновливи извори, да ги достигнеме европските стандарди во процесот на менаџирање со енергетските ресурси и да поттикнеме нови инвестиции во енергетскиот сектор.

„Би сакал да потсетам дека при последната посета на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на Република Грција, добивме поддршка од конзорциумот  „Гастрејд“,  за вклучување на Северна Македонија во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис во Грција. Со овој проект се создава можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за нашата земја, која, истовремено, ќе стане точка од која потоа гасот ќе се дистрибуира и пошироко во регионот, и во земјите кои ќе покажат интерес“, подвлече вицепремиерот.

Битиќи рече и дека енергетиката е составен дел за одржливиот развој, што подразбира диверзификација на производството на електричната енергија, целосна либерализација на пазарите, зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори, изградба на нова модерна енергетска инфраструктура, гасно поврзување со регионот, како и проекти за енергетска ефикасност.

„Ќе работиме напорно да ја унапредиме соработката со земјите во регионот, во сите полиња, економија и енергетика особено и од тоа ќе имаме сите бенефит, државите и граѓаните кои живеат во нив. Продолжуваме со одличната меѓусоседска соработка и дополнително ги зацврстуваме економските односи меѓу Северна Македонија и Република Грција. Неискористениот потенцијал за соработка од минатото го трансформираме во исклучително партнерство, од кое корист ќе имаат не само граѓаните од двете земји, туку и целиот регион. Грција и Северна Македонија се добар пример за градење на меѓусебни односи, соработка и стратешко партнерство“, нотираше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, по завршувањето на тркалезната маса за регионална енергетска безбедност и соработка.

По завршување на тркалезната маса, официјалната Владина делегација изврши посета на ИКТ технолошкиот парк „Технополис“ во Солун, при што остварија средби со менаџментот на технолошкиот парк и на компаниите „Делојт“ и „Логисмоз“ кои функционираат во рамките на паркот, со кои зборуваа за можностите за инвестирање во Република Северна Македонија и поддршката која Владата ја обезбедува за компаниите кои реализираат нови инвестиции.

Next Post

Шахпаска: Отворен новиот објект „Сонце“ во с.Долна Бањица, Гостивар кој ќе згрижи околу 60 деца

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk