Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска осудена правосилно на 4 години затвор за незаконската набавка на мерцедесот од речиси 600 илјади евра за Никола Груевски, вечерва со полиција е спроведена во женското одделение во затворот „Идризово“. Ноќва таа почнува да ја отслужува затворската казна, објави СДК.
Јанкулоска одговара за злоупотреба на службената положба и овластувањата зашто му наложила на помошникот-министер во МВР Ѓоко Поповски да го намести тендерот и со пари од буџетот на полицијата, да купи блиндиран мерцедес, не за полицијата, туку за тогашниот премиер Никола Груевски, по негова нарачка.
Тој е осуден на две години затвор, но избега во Унгарија.