Во претходниот мандат Собранието ги донесе сите важни закони кои обезбедуваат силен и независен правосуден систем, како што се Законот за Јавно обвинителство, Законот за судовите и Законот за судски совет, сега е на ред нивната практична реализација, порача премиерот Зоран Заев во интервју на Канал 5 Телевизија.
Јас очекувам сите претседатели на судовите да си донесат план за работа, за да можат да работат со зачестени рочишта за да не застаруваат предмети. Законот за судски совет ги дава сите можни алатки за прочистување на судството во делот на ефикасноста и правичноста. Ако се види дека некој предмет паѓал пет пати, тогаш се знае, следува одговорност од судијата. Огромниот дел од судиите работат чесно и требa прочистување за да се отстранат оние кои не работат или работат нечесно, посочи Заев.