Фронтлајн го прослави првиот роденден на 30 септември 2020, во Плаза де Торос, заедно со добрите пријателки и пријатели на Редакцијата.
Редакцијата им благодари на сите што ја споделија радоста по првата година од посветена работа и упорност да создадат медиумски простор кој се одликува со нови, оригинални содржини.
Неколку стотици луѓе, меѓу кои и активисти, новинари, политичари и луѓе од бизнис заедницата, испратија пораки со честитки и желби за уште поголеми успеси на нашиот медиум.
Интернет порталот е основан на 21 септември 2019 година, на Меѓународниот ден на мирот. Порталот изобилува со информации и вести за дневните настани, анализи и колумни. За кратко време, со скромни капацитети, порталот го привлече вниманието на голем број читателки и читатели. Довербата и интересот за содржините на Фронтлајн растат секој час.
Фронтлајн го прослави првиот роденден на 30 септември 2020, во Плаза де Торос, заедно со добрите пријателки и пријатели…
Gepostet von frontline.mk am Donnerstag, 1. Oktober 2020