ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Напредокот на работата на Комитетот за историски и образовни прашања со Грција претставен пред Заев

Членовите на Интердисциплинарниот комитет го информираа премиерот Заев за досегашниот напредок на работата на овој Комитет на експерти, а во пресрет на петтата средба со нивните грчки колеги.

October 5, 2020 18:51
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска ги прими членовите на македонскиот дел на Интердисциплинарниот комитет за историски, археолошки и образовни прашања формиран од нашата земја и од Република Грција согласно со Договорот од Преспа.

Каско што соопшти владината прес-служба, членовите на Интердисциплинарниот комитет, со кој претседава амбасадорот Виктор Габер, и во кој членуваат д-р Ана Чупеска, професор и политиколог, д-р Људмил Спасов, професор лингвист, проф. Фехари Рамадани, професор и историчар, д-р Далибор Јовановски, професор и историчар, и д-р Никос Чаусидис, професор и археолог, и во отсуство на д-р Кица Колбе, го информираа премиерот Заев за досегашниот напредок на работата на овој Комитет на експерти, а во пресрет на петтата средба со нивните грчки колеги.

Во размената на мислења на средбата, констатирано е дека е постигнато ниво на конструктивна соработка во Комитетот во рамки на одредбите на Договорот од Преспа, и дека се утврдени заеднички правци за постигнување решенија за препораките кои овој Комитет треба да ги достави до владите на Република Северна Македонија и Република Грција како добра основа за изнаоѓање конкретни решенија за историските наративи кои ќе ги едуцираат идните генерации во европскиот дух на разбирање и соработка, стои во соопштението.

Премиерот Заев, се посочува, ги запозна членовите на Комитетот со актуелните активности на Владата за обезбедување севкупни услови за имплементација на Договорот од Преспа и за поддршката на грчката страна за Република Северна Македонија за почетокот на преговорите за членство во ЕУ добиена за време на неодамнешната посета на Атина и од средбите со премиерот Киријакос Мицотакис./МИА/
Next Post

Ковид-19 во светот: Во Австрија за 35% зголемен бројот на заразени, во Русија најголем број случаи во еден ден од средината на мај

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk