Прв предуслов за отворање на поглавјата за влез во ЕУ е да ги решиме споровите со соседите, рече Ненад Јовановиќ во гостувањето во Само Вистина на Канал 5.
-Не треба да се грижиме, ќе стигнат добри гласови и пријателите од ЕУ и ќе ни помогнат, доста со себе виктимизација, најлесно е демарш на Бугарија, тешко е да создадеш пријатели. Одлучивме комшиите да не ги гледаме низ нишан, национализмот бара непријатели, рече Јовановиќ.