ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Власта треба да се плаши од контролните механизми, а не да ги заплашува

October 6, 2020 08:08
in ДЕНЕС, ПРАВДА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Потпишан Кодексот за етичко однесување на функционерите, Љупчо Николовски назначен за одговорен за негово спроведување.

Систем кој ќе одвраќа од злоупотреби и јасно ќе ја лоцира одговорноста.

Лесно е да се каже, и уште полесно да се потпише, меѓутоа многу тешко да се спроведе.

Токму одговорноста и отчетноста на власта (како збир од колективни тела, но уште повеќе како збир од индивидуи кои заземаат високи раководни функции во државата), се вредности кои ја карактеризираат демократијата на актуелниот степен од нејзиниот развојот.

Искуството покажало дека секој (читај: СЕКОЈ) кој ќе дојде на власт може да ја злоупотреби власта (во помала или поголема мера), да ја искористи за постигнување лични, наместо јавни бенефиции, да ја употреби на начин спротивен на потребите и интересите на граѓаните, да профитира од позицијата која ја има или да легитимира неправно и неправедно однесување и постапување.

Заради ова, еден од најзначајните елементи на развојот на современата демократија претставува барањето за поголема демократска контрола. Во развиените демократски држави ова се манифестира како постојано зголемување на бројот на контролни тела и институции кои го стеснуваат просторот на севластие. Во одредена смисла постоењето и разновидноста на овие контролни механизми дури се сметаат за нова парадигма на развојот на демократијата.

Тоа дека сите граѓани вршат контрола над власта и власта одговара пред сите граѓани е убава и многу популистичка флоскула. Вистинската контрола можат да ја направат независни, високопрофесионални тела кои се составени од луѓе кои се спремни да застанат во одбрана на правото и не подлегнуваат на заканите кои доаѓаат од страна на власта.

Целта на механизмите кои ја контролираат власта не е стекнување и манифестирање моќ, туку регулирање на употребата на моќта. Тие треба да спречат отстапување од прокламираните вредности, да сигнализираат деформации, да идентификуваат проблеми на злоупотреби на функциите.

Не е работата само во тоа властодршците да не ги прекршуваат законите, туку да ги  спроведуваат. Не се работи само за тоа што прават политичарите, туку за тоа што треба да прават, а не прават. Не е проблемот само во тоа политичарот да не украде од државните пари, туку како располагал со нив и дали се најсоодветно потрошени.

Идејата е, политичарите и високите функционери во власта во ниту еден момент не смеат да се чувствуваат комфорно. Тие треба да седат на трње. Секогаш под окото на некој независен механизам кој ги потсетува, критикува, предупредува или повикува на одговорност.

Во Македонија има многу слаби и анемични контролни механизми на власта (што значи и многу ниско ниво на развој на демократијата). Најголем дел од нив се ставени во функција на заштита на владејачката структура и создаваат само привид на контрола и независност.

Кога ќе се случи политичар да повика на одговорност независно контролно тело (Џафери бара Антикорупциска до утре да се извини), значи дека сме отишле уште еден чекор поназад во воспоставувањето на демократските принципи и вредности. Со ваков вид закани упатени кон Државната комисија за спречување на корупција од страна на претседателот на Собранието се спречува и најмало движење во насока на контрола над власта.

Последиците од една ваква постапка се повеќекратни и продолжителни:

  • Се минимизира влијанието на контролните механизми
  • Се поттикнува нивна авто-цензура
  • Се апсолутизира моќта и севластието на оние кои се моментално на власт
  • Се обесмислува декларираната одговорност и транспарентност
  • Се создава ситуација на концентрични кругови кои опфаќаат широк круг државни структури кои одбиваат да ги прифатат оценките на независните контролни тела.

Веќе подолг период во државата има нефункционално ЈО, корумпирано судство, потполно обесмислен Уставен суд, дезавуиран Врховен суд, уништен Народен правобранител, непостоечка Комисија за заштита од дискриминација, игнорирање на забелешките и препораките дадени од Државниот завод за ревизија (како институции кои треба да ја контролираат власта, меѓутоа и кои треба да воспостават своевиден меѓусебен мониторинг).

Во такви околности заканата упатена од страна на претседателот на Собранието кон членовите на Државната комисија за спречување на корупција може да значи само обид за  замолчување на единствената институција која во моментов се обидува да функционира како контрола на власта.

Доколку ова продолжи тоа ќе значи целосно етаблирање на Груевизмот како начин на функционирање и на новата владејачка структура.

 


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторката.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Вимблдон ФБ

(ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

July 8, 2025

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

July 8, 2025

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk