ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Нов дневен рекорд на новозаболени, се чека одлука на Владата за најавените рестриктивни мерки

Со оглед на тоа што една од предложените мерки е задолжително носење на маски, останува отворено и прашањето дали казните за нивно неносење ќе се зголемат. Сепак, според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, такво нешто нема да даде ефект.

October 10, 2020 08:42
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

С.Македонија вчера достигна нов рекорд на новозаболени од Ковид-19. Беа регистрирани дури 386 новозаразени, по што надлежните уште еднаш испратија апел до граѓаните да не забораваат на маска, дезинфекција и да држат дистанца.

Носење маска на отворено, забрани за поголеми семејни прослави во домашни услови и групирање на јавни простори по 22 часот се мерките кои се предложени од Комисијата за заразни болести со цел заштита на здравјето на граѓаните, а се очекува Владата да ги прифати. Доколку овие мерки не дадат резултат, постои и можност за воведување рестрикции во движењето.

Со оглед на тоа што една од предложените мерки е задолжително носење на маски, останува отворено и прашањето дали казните за нивно неносење ќе се зголемат. Сепак, според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, такво нешто нема да даде ефект.

Тој смета дека само зголемувањето на бројот на казни, што во моментот се движат од 800 до 900 на ден, покажува дека имаме непочитување на овие одлуки, но се покажува и решеноста да истраеме во спроведувањето на одлуките.

Според министерот, некогаш е многу поважно ако треба и со помала казна, меѓутоа да се почитуваат тие мерки што ги имаме со поголеми контроли.

-Сметам дека малку и нивото на разбирање на сериозноста на состојбата со КОВИД-19 ќе не доведе уште повеќе да ги почитуваме мерките што ги предлагаат здравствените власти, а членовите на Влада ги носат одлуките, со цел да ги заштитиме граѓаните, изјави вчера Спасовски.

Во секоја кризна состојба, па и оваа со КОВИД-19, оцени министерот, превентивата и подигањето на јавната свест е најважната работа и затоа постојано се апелира до граѓаните.

Во однос на тоа како полицијата ќе ја спроведува мерката за контрола и проверка на домовите, надлежните вчера посочија дека уставните начела ќе се почитуваат, а тоа е начело за неповредливост на станот или на домот. Сепак, се очекува Владата да ги донесе одлуките, а потоа да се одговори на овие дилеми на кој начин ќе се спроведуваат мерките.

Министерот Спасовски појасни дека неповредливоста на домот е уставна категорија, но одлуките што ќе бидат донесени, а се во функција на заштита на животот и здравјето на граѓаните ќе бидат предвидени и ќе има соодветни механизми на котрола и на нивното спроведување.

– Не би сакал да разговараме сега кога не се усвоени на Влада, за обликот на тие мерки и што треба да опфатат. Ќе ги слушнеме мерките и аргументите на здравствените власти за секоја од мерките и тогаш ќе се донесе одлуката на Владата. Граѓаните треба да знаат дека постапувањето на полицијата ќе биде исклучиво во заштита на уставните начела и на законските норми, изјави Спасовски.

Доколку мерките за заштита од Ковид-19 не дадат резултат, ќе има препорака за рестрикција во движењето.

Министерот за здравство Венко Филипче синоќа изјави дека верува оти овие мерки ќе дадат резултат. Но, доколку не дадат сигурно дека ќе има препорака за рестрикции во движењето. Најпрво, како што рече, следи скратување на работните часови на одредени економски субјекти, угостителски објекти, но и рестрикција во движењето.

-Видовме какви искуства имаа некои земји кои нагло ги отворија градинките и училиштата. Затоа ние поучени од тоа, постепено ги отворивме училиштата. Но, тие земји се соочија со еден нагол скок на случаи, нагло оптеретување на болничките капацитети, како во Израел, каде мораа да воведат рестрикција во движењето. Тоа ќе следи ако имаме и понатаму зголемување на бројот на дијагностицирани случаи и дополнително оптеретување на болничките капацитети, потенцираше Филипче.

Тој уште еднаш ги повика граѓаните да не забораваат на маска, дезинфекција и да држат дистанца.

– Заборавив веќе не е оправдување. Заборавањето на основните мерки за заштита може да биде фатално. Не забораваш клучеви, телефон и пари? Не заборавај маска, дезинфекција и да држиш дистанца. Едноставно е, порача Филипче.

Вкупната број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 20.163, оздравени се 16.009, а починаа 781 лице. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 3.373./МИА/

Next Post

Утрински преглед на вести: Мицкоски го загрозува здравјето на своите сопартијци и на граѓаните; Нов дневен рекорд на заболени, се чека одлука на Владата за рестрикции

Shortcut

Најново

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk