ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Лејкерс ја освоија НБА лигата по рекорден 17-ти пат

October 12, 2020 10:35
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Лос Анџелес Лејкерс ја освоија НБА лигата по рекорден 17-ти пат. Лејкерси го оставија најдоброто од себе за најважниот момент и одиграа брилијантен шести натпревар против Мајами Хит, откако триумфираа со 93:106 (20:28, 16:36, 22:23, 35:19) и ја затворија серијата со 4-2 во победи. На овој начин, Леброн Џејмс и неговите соиграчи го освоија посакуваниот 17-от трофеј во историјата на клубот, израмнувајќи го претходниот апсолутен рекорд на другата легендарна организација – Бостон Селтикс.

„Кралот“ ја заработи четвртата титула во својата голема кариера, водејќи трет тим до трофејот во Лигата. 35-годишната легенда ги грабна своите први две титули со Мајами Хит, а потоа го исполни ветувањето дека ќе донесе една во витрините на Кливленд, а вечерва им помогна на Лејкерси повторно да стигнат до врвот на НБА. Џејмс го забележа 28-иот „трипл-дабл“ во плејофот откако на својата сметка остави 28 поени, 14 скока и 10 асистенции за победа на неговиот тим. Тој ја доби наградата „Најкорисен играч“ во Финалето и со тоа стана првиот играч во историјата што бил МВП на финалата серија со три различни тима.

„Работата е завршена“, така би се изразила покојната легенда на Л.А. Лејкерс, Коби Брајант. Петкратниот шампион на Лејкерс го напушти светот на 26 јануари оваа година, но тој секако со радост гледа како еден од неговите најдобри пријатели, Леброн, го води клубот на неговото срце до неговиот прв трофеј од 2010 година. Тогаш Коби, Пау Гасол и компанија ја донесоа последната шампионска титула за организацијата.

Екипата на Мајами заслужува големи пофалби за извонредниот учинок во годинашното нетрадиционално издание на плејофот. Кошаркарите на Ерик Сполстра на патот до финалето ги елиминираа Индијана Пејсерс, најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната Милвоки Бакс и опасната екипа на Бостон Селтикс, за да го освојат правото да се борат за првата титула од 2013 година. За жал, повредите на Бам Адебајо и Горан Драгиќ во голема мера го запреа налетот на „жешките“, кои пак најдоа спасител во лицето на Џими Батлер. Крилото се истакна со феноменални настапи и ги затвори устите на сите свои критичари. Иднината е пред Мајами, кој има солиден број на млади таленти како Адебајо, Тајлер Хиро и Данкан Робинсон, кои имаат огромен потенцијал.

Што се однесува до самиот меч, Лејкерси беа навистина беспрекорни во одбраната. Одлуката на тренерот Вогел да го остави Двајт Хауард на клупата и да го пушти Алекс Карузо како стартер, жртвувајќи ја висината за периметарска одбрана, се покажа генијална, бидејќи бекот беше скоро насекаде на паркетот и не им оставаше лесни удари на своите противници. Ова важеше и за неговите други соиграчи, а доказ за тоа е и фактот дека Хит постигна само 36 поени во првото полувреме. Во нападот, Леброн Џејмс и компанија немаа проблем да реализираат поени и го задржаа своето цврсто водство, освоено по крајот на втората четвртина.

Во третата четвртина разликата се зголемуваше, а до крајот, „езерџиите“ само го одржуваа водството.

Леброн Џејмс ги предводеше Лејкерси со 28 поени, 14 скока и 10 асистенции при 13/20 шут од поле. Ентони Дејвис заврши со „дабл-дабл“ од 19 поени и 15 скока, Ражон Рондо одлично се вклучи од клупата со 19 поени и 8/11 шут од игра, а Дени Грин постигна 11 поени и зеде 5 скока.

Бам Адебајо беше над сите за Мајами со 25 поени, 10 скока и 5 асистенции. Џими Батлер додаде 12 поени, 7 скока и 8 асистенции, Џеј Краудер исто така постигна 12 поени, а Данкан Робинсон додаде 10.

Next Post

Галетановски: Ако сите не носат маски ќе ја затворам Зоолошката градина

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk