– Изминатативе месеци во скопската Зоолошка голем дел од посетителите ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Но, сепак има случаи кога посетителите откако ќе влезат во градината ги вадат маските и не одржуваат растојание, вели директорот на зоолошката Ѓорѓи Галетановски за СДК.мк.
Галетановски вели дека сите посетители задолжително треба да носат маски, а ако не носат, ќе ја затвориме.
Во Зоолошката градина од 13 октомври ќе се воведат дополнителни мерки за поголема заштита од ковид-19.