ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Од 535 нови случаи од Ковид-19, 277 се од Скопје, ќе се одлучува за нови рестрикции

October 16, 2020 08:33
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

Нов негативен рекорд вчера во КОВИД-статистиката – 535 заразени во 24 часа, од кои над половината односно 277 се во Скопје. Од 2445 направени тестови, вирусот е потврден и кај 30 луѓе во Струмица, 26 во Прилеп, 24 во Гевгелија и 22 во Штип. Двоцифрени бројки на новозаразени имаат и Тетово – 18, Куманово – 17, Кичево – 15, Битола – 13, Кочани – 12 и Велес – 10, а под десет нови случаи со вирусот имаат уште 16 општини.

Во билтенот вчера се регистрирани и шест починати пациенти на возраст од 55 до 72 години и со нив вкпно 815 ја изгубија битката со коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјава.  Оздравени вчера се 168 пациенти и вкупно 16 758 од заразените 22 170 досега. Во моментов активни случаи има 4597, од кои  2178 во Скопје.

Следува Струмица со 303 активни, Тетово 233, Кочани 199, Прилеп 192, Куманово 184, Штип 143, Битола 113, Гевгелија 112 и Делчево 102.  Кај скопските општини трицифрени бројки на болни во моментов имаат: Аеродром 429, Центар 395, Карпош 373, Кисела Вода 257, Гази Баба  213 и Ѓорче Петров 183.

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе одлучува за нови мерки. Министерот за здравство Венко Филипче вчеравечер изјави дека тие би вклучувале рестрикција на јавниот превоз, ограничување на работа на угостителски објекти, одредени економски субјекти, компании и секаде каде што се смета дека има ризик. Дел од мерките може да се таргетирани во некои општини, некои може да важат на територијата на целата држава. За воведување полициски час, рече, лично смета дека во овој момент е сè уште рано, но во даден момент и тоа може да биде предложено.

– Еден од најдобрите параметри коишто ги следиме е капацитетот во болниците. Иако има слободни места, капацитетот се исполнува. Само претходниот ден имаше голем број на приеми. Во функција е модуларната болница со дополнителните тимови. Болницата во Козле, исто така, е спремна. Но, гледаме дека се исполнуваат капацитетите и согласно со тоа можно е да предложиме и дополнителни рестрикции, рече министерот за здравство.

Вчера тој имаше состанок со директорите на установите за да се направи систем на ротација на лекарите специјалисти и медицинските сестри кои ќе работат во модуларното одделение од повеќе интернистички одделенија.

Поради зголемениот обем на работа на епидемилозите во последните денови доцнат и  статистиките и се објавуваат навечер. Затоа ќе се ангажираат и студентите од шеста година на Медицинскиот факултет да помагаат во центрите за јавно здравје за правење на епидемиолошките анкети.

Проблемот со чекањето за тестирање на сомнителните и со симптоми треба да биде надминат со брзите тестови, во наредните денови се очекува донација од 7500, а ќе се набавуваат и со пари од заемот од Светска банка.

За училиштата засега не се размислува за предвремен зимски распуст, зашто е мал бројот на заразени деца во градинките и училипштата и во изолација се одреден процент. Но може, рече Филипче, да се смени функционирањето на наставата со физичко присуство  за одредена општина или регион според епидемиолошката состојба.

Министерството за образование и наука вчера соопшти дека владината комисија која ги разгледува барањата од општините, дала согласност настава со физичко присуство да почнат 13 основни училишта, а одбила 25. Владата на седница завчера го усвоила извештајот на оваа комисија.

 

Next Post

Кинеската вакцина против Ковид-19 со ветувачки резултати

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk