Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот фејсбук профил објави видео во кое неколку деца споделуваат први впечатоци за една поинаква школска година, откриваат што најмногу им недостасува, но кажуваат и совети како да се заштитиме од Ковид-19.
Оваа година учебната година почна различно од сите претходни. Учениците мора да бидат заштитени и да продолжат со учењето. Марко, Бора, Ана и Каја со корисни совети како да се заштитиме со ковид-19, напиша министерот Филипче во објавата.
Д. Е.