ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дел од заемот од СБ наменет за поставување на 16 мобилни Ковид одделенија и нивно опремување

October 19, 2020 17:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

 Заемот од Светската банка е т.н. брз заем, кој го добиле близу 100 земји во светот и е наменет за зајакнување на здравствените системи во секоја од нив. Станува збор за околу 34 милиони долари, за нив е изработен план и меѓудругото ќе се искористат за поставување на мобилните 16 мини КОВИД одделенија до сите болници, каде што е идентификувана потреба, како и за опремување со медицинска опрема на секој од овие КОВИД центри со мобилен рендген апарат, ЕХО-апарати и за соодветен број на тестови.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со заемот од СБ и доаде дека за оваа година се предвидени десет милиони долари, за кои вели дека сепак нема сите да бидат потрошени, бидејќи целата постапка доцнела.

За следната година со тие средства е предвидено опремување на неколку постојни болници, кои се соочуваат со недостиг од опрема, а во кои има услови за интензивна нега, како што се болниците во Тетово, Охрид и во Струмица.

-Ќе се обезбедат и лекови за цела 2021 година, сите лекови, кои сега ги имаме преку Студијата од СЗО, помошта од Јапонија, понатаму сите лекови коишто се даваат за овие најтешки пациенти, но и за соодветен број тестови за територијата на цела држава, а сума на пари ќе оди за поддршка за ФЗОМ и ќе се дистрибуира еднакво до сите јавно здравствени установи, појаснува министерот за здравство.

Истакна дека проект бил подготвен уште на почетокот на летото, но како што рече, тогаш не бил потпишан од заменичката-министерка за финансии. -Тој подразбира конкретно зајакнување на системот за етаблирање на нови КОВИД-центри со опремување, понатаму зајакнување на постојните капацитети со опрема, лекови и се што значи поддршка на персоналот, секако поддршка на ФЗОМ. Останатиот дел од заемот е за МТСП, сумираше Филипче.

Тој истакна дека нема препорака во ниту една здравствена установа за правење серолошки тест, пред да се прави ПЦР тест.

– Серолошките тестови опфаќаат некој друг пристап, анализа на преваленцата на антитела во населението итн. Никако не е индикација, ниту пак ние сме дале од Министерството, ниту пак Комисијата дала таква препорака, подвлече Филипче.

Во однос на алгоритмите, кои ги користат матичните лекари за упатување за тестирање,  рече дека засега нема потреба од нивна промена и дека се соодветни за овој временски период.

Next Post

Филипче: Работа на економските оператори до 23 часот, исполнетост на јавниот превоз до 50 % и редуцирана работа на администрацијата

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk