Во Општина Прилеп денеска регистриран нов случај на коронавирус во училиштата.
Наставничка од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во селото Канатларци и поради контакт со неа во замоизолација се ставени 8 ученици од 5 и 6 одделение. Во изолација одат и 3 наставници од подрачното училиште во село Подмол.
Во четвртокот прв пат коронавирусот се појави во прилепските училишта. Тогаш беше потврден случај на наставничка која предавала во 2. одделение во ОУ „Климент Охридски“. Сите 20 деца се во изолација.