ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Загадувачите, преку јаглеродната такса, треба да ја финансираат зелената економија

October 19, 2020 16:01
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе се воведува ли такса за загадувачите со јаглероден диоксид, како еден од изворите за справување со климатските предизвици во земјава и еден од ефикасните начини за транзиција кон производство на незагадувачка енергија? Министерството за животна средина сè уште размислува дали ќе се прифати една од европските практики, кои во последните години се покажа како многу успешен и сериозен извор на финансии за зелени инвестиции, пренеесува „Мета.мк“.

Чекорот кон нови финансиски обврски речиси никогаш не е лесен, и покрај тоа што во случајот станува збор за инвестиции во одржливи решенија кои ќе обезбедат интензивна пенетрацијата на обновливите извори на енергија на сметка на јагленот, кој според зеленото сценарио на Стратегијата за енергетика треба да се исфрли од употреба. Од друга страна, јаглеродната такса е давачка која не се очекува да биде оптеретување за економијата, туку инвестиција во нови технологии и иновативни решенија, од кои се очекува да креираат одржливо општество со што поголем број на зелени работни места.

Прашањето дали во земјава ќе биде воведена ваков тип на давачка сè уште е предмет на анализи во Министерството за животна средина.

„Потребна е дополнителна анализа за конечното решение, која ќе се направи во соработка со Енергетската заедница и нивната регионална студија за јаглеродна такса. Ова прашање ќе се разгледува во рамките на ревизијата на националниот поднесок кон Договорот од Париз, а потребната законска поддршка може да биде опфатена и со Законот за климатска акција“, информираат од Министерството.

Јаглеродната такса ќе помогне да се забрза процесот на намалување на емисиите на стакленички гасови на нашата земја, а со тоа и да се зголеми придонесот во глобалните напори за справување со климатските промени, сметаат во невладината организација „Еко свест“.

„Ваквата давачка би била обврска за сите сектори со мобилни и стационарни емисии на јаглерод. Средствата од неа мора да бидат наменски, односно јаглеродната такса треба да биде добро испланиран инструмент кој ќе обезбеди финансии за зголемување на искористувањето на сончевата енергија преку фотоволтаични централи и фотоволтаици на јавни објекти и иновации во сите сектори во насока на декарбонизација, вклучително и субвенции за кровни фотоволтаици на домаќинства“, посочуваат од „Еко свест“.

Во многу европски земји данокот на јаглерод е веќе воведен како инструмент за прибирање финансии за забрзување на транзицијата кон нискојаглероден развој. Во земјите од ЕУ овие средства одат во посебни фондови кои имаат годишни програми со приоритети за финансирање. Овој тип на давачки се основа на Европскиот Зелен договор, кој е збир од акции со конкретни планови со 2050 година, и кој предвидува зајакнување на економиите преку зелена технологија, воспоставување на одржлива индустрија и производство, а исто така намалување на загадувањето. Иако пандемијата на коронавирусот и силното забавување кое го предизвика кај економиите, предизвика стравување дека зелените амбиции може да бидат ставени настрана, Европската Комисија предложи буџет од 1,8 трилиони евра за периодот од 2021-2027 година, составен од пакет за наплата од 750 милијарди евра, заедно со седумгодишниот буџет од 1,05 трилиони евра. Предложениот пакет има изразено зелена нијанса, а се проценува дека ќе бидат потребни до еден трилион евра инвестиции во приватниот сектор за да се реализира амбицијата на Зелениот договор. Во јули годинава беше предложена и една нова мерка, а за која деновиве истекува рокот за забелешки до Комисијата. Тоа е новата царинска давачка за јаглерод или данок на увоз која ќе се плаќа на границата на ЕУ и директно ги засегнува и земјите од Западен Балкан.

Next Post

Скопје, Струмица и Тетово со најмногу активни случаи од Ковид-19

Shortcut

Најново

Утре во Скопје се отвора 25-то јубилејно издание на ОФФест

June 2, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

June 2, 2026
Охрид. Фото: Фронтлајн

Контроли на плажите: Владата ги прецизираше термините за забрана на скутери и чамци на трите езера

June 2, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

June 2, 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk