ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

October 25, 2020 20:01
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 43.169.091 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.157.226 пациенти, а оздравеле 31.801.421 луѓе.

Софија – Во Бугарија се регистрирани 1.043 новозаразени лица, 546 помалку од вчера, соопшти Министерството за здравство.  Во таа држава, повеќе од 1.000 случаи се пријавени дневно од 19 октомври, а на 22 октомври се регистрирани рекордни 1.595 нови случаи. Пријавени се уште седум смртни случаи, со што вкупниот број жртви достигна 1.084. Речиси 2.000 пациенти се хоспитализирани, а 138 се лекуваат на интензивна нега. Бугарските болници се борат со недостиг на здравствени работници, а досега биле заразени 1.972 лекари. Во Бугарија, првиот случај на Ковид-19 е регистриран на 8 март, а досега се заразени вкупно над 37.500 лица. Вонредна состојба е прогласена до крајот на ноември.

Приштина – Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на 663, откако двајца пациенти кај кои бил откриен коронавирусот починаа во последните 24 часа. Според Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вчера се откриени 186 новозаразени, така што бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 17.943. Во дневниот извештај на ИКШПК се наведува дека болеста, вклучително вчерашните 54 излекувани, досега ја совладале вкупно 15.088 лица.

Тирана – Во Албанија продолжува високата бројка на новозаразени, појава присутна овој месец, кога во просек кај 20 до 23 отсто од дневно тестираните се дијагностицира Ковид-19. Во последното деноноќие од направените 1.315 тестови позитивен резултат е добиен кај 299 лица, што е 23 отсто од тестираните, со што вкупната бројка на заразени изнесува 19.157. Најголем број од новодијагностицираните се од Тирана, 184, каде активни на болеста се 4.133, што е повеќе половина од вкупната бројка, која знесува 8.026, информираа од Министертвото за здравство и социјална заштита. Според истиот извор, битката со опасниот вирус, во последните 24 часа, ја добиле 106 или вкупно 10.654, додека ја изгубија четири пациенти, односно 477 до сега. 

Белград – Во Србија, во последните 24 часа, од тестирани 4.739 лица, евидентирани се 614 нови случаи на коронавирус. Уште три лица починаа како резултат на инфекција со коронавирус, а досега се евидентирани вкупно 792 смртни случаи.
Вкупно 39.486 случаи на коронавирус се потврдени во Србија, а досега се тестирани 1.283.016. луѓе.
Според податоците на Министерството за здравство и Институтот „Трамполин“, хоспитализирани се вкупно 694 лица.
Има 26 пациенти на респиратори.

Загреб – Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 2.421 нов случај на коронавирус, што е досега најголем број пациенти за еден ден, а осум лица починаа. Во Хрватска има вкупно 11.144 активни случаи. Меѓу нив, 825 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 58 се на апарати за дишење. Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 36.380 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 437 починале.

Букурешт – Според најновите податоци, денеска во Романија се пријавени 3.855 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Стратешката комуникациска група (ГЦС).
Агенцијата Аѓерпрес наведува дека биле обработени 19.292 тестови на национално ниво.
Вкупно 209.648 случаи на инфекција со коронавирус се потврдени во Романија.
Како резултат на Ковид-19, починаа уште 73 лица, со што вкупниот број починаТИ во Романија се искачи на 6.391.

Амстердам – Во Холандија, во последните 24 часа, се регистрирани 10.243 нови случаи на коронавирус, што е повторно нов рекорден дневен биланс, соопшти денеска Националниот институт за јавно здравје. Уште 27 лица починаа, со што вкупниот број достигна до 7.000. Досега се заразени повеќе од 290.000 луѓе.
На 14 октомври, холандската Влада воведе делумни мерки за карантин за спречување на ширењето на вирусот, вклучително и затворање на сите барови и ресторани во земјата.

Лондон – Во Велика Британија денеска се регистрирани 19.790 нови случаи на коронавирус и 151 починат.
Бројот на нови случаи е помал од вчера, кога имаше 23.012.

Рим – Италија пријави нов дневен рекорд со 21.273 новоинфицирани со коронавирус, според денешните податоци на Министерството за здравство.
Вкупниот број случаи во Италија сега е 525.782.
Уште 128 лица починаа, со што вкупниот број смртни случаи од Ковид-19 во земјата достигна 37. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Влада на РСМ

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки, спортски сали и водоводни и канализациски системи

July 2, 2025

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Фото: МИА

Расправата за ребалансот продолжува утре

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk