Во рамки на 19 седница на Собранието, пратениците ги донесоа Законот за изменување на Законот за заштита на укажувачи, Законот за изменување и дополнување на Законот за судските такси, Законот за изменување и дополнување на Законот за автокампови и Законот за изменување и дополнување на Законот за скијалишта.
Без расправа поминаа во прво читање Предлог законот за изменување на Законот за жичари и ски-лифтов и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за интероперабилност во железничкиот систем, при што двата се дадени на понатамошно читање.
Собранието ги верификуваше мандатот на четворица пратеници поради испазнетите места. Нови пратеници во Парламентот се: Мирче Аџиевски, Лидија Тасевска, Рина Ајдари и Мирослав Јовановиќ
На седницата беше ратификуван и Законот за Повелбата на Организацијата за црноморска економска соработка и на дополнувањето на Повелбата на оваа Организација.
Точката по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка; ќе биде разгледана на седницата откако ќе помине на матичната Комисија за здрвство и на Законодавно-правната комисија. Образложувајќи го законот, министерот за здравство Венко Филипче истакна дека со нив значјано ќе се зголемат ингеренциите на сите инспекторати, а со предложените мерки ќе се избегне носење на одлука за полициски час.
Бидејќи и за Предлогот за изменување и дополнување на Законот за инспекцијата на труд, измените на Законот за инвалидски организации, како и измените и дополнувањата на Законот за научно-истражувачка дејност – закони кои треба да се носат по скратена постапка, не се исполнети условите според Деловиникот, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и за утре најави нејзино продолжување.
Дневниот ред на 19. собраниска седница по предлог на пратеник и со 81 глас „за“ беше надополнет со Предлог закон за изменување на Изборниот законик, што ќе се носи по скратена постапка./МИА/