Лидија Димова е разрешена од директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, пренесува 360 степени.
Ваква одлука донел Управниот одбор на Агенцијата, откако Јавното обвинителство против неа и уште неколку лица денеска отвори истрага по поднесена кривична пријава од Финансиската полиција за злоупотреба, измама и штета од над 400 илјади евра европски пари.
Покрај Димова, во случајот опфатени се и сопственикот на Друштвото за трговија и услуги „В.Е.З. трејд“, Зоран Златковски, надворешен соработник со иницијали А.Г. и А.П., како благајник во Националната агенција.
Тројца од лицата, наведува Обвинителството во соопштението, се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело измама на штета на средствата на Европската заедница, а Димова дополнително е осомничена и за злоупотреба на службената положба и овластувања.Четвртото лице, пак, е осомничено за несовесно работење во службата.