Премиерот Зоран Заев вечерва на Твитер изрази сочуство за жртвите од земјотресот што го погоди реонот на турскиот град Измир.
Вознемирувачки се сликите што пристигнуваат по големиот земјотрес во Измир, Турција.
Во име на граѓаните и Владата на Република Северна Македонија, упатувам најискрено сочувство до фамилиите на жртвите и повредените. Се надеваме на брзо закрепнување од последиците. #Izmir
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) October 30, 2020
– Вознемирувачки се сликите што пристигнуваат по големиот земјотрес во Измир, Турција. Во име на граѓаните и Владата на Република Северна Македонија, упатувам најискрено сочувство до фамилиите на жртвите и повредените. Се надеваме на брзо закрепнување од последиците, наведува Заев во објавата напишана на македонски и на турски јазик./МИА/