Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ денеска одговарајќи на новинарско прашање посочи дека еден од сериозните ризици за компликации предизвикани од Ковид-19 е и дебелината, која, како што рече, не се сфаќа сериозно кај нас.
– За жал, изгубивме млади, но и релативно млади луѓе. Најголем дел од нив со хронични болести, но една од сериозно високите ризици која, никој од нас се уште сериозно не ја сфаќа како болест или коморбилитет, е дебелината. Луѓето кои имаат вишок килограми се навистина во сериозен ризик, нагласи Стевановиќ.







