ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ФАЦ: Бугарскиот меморандум е комичен, Македонците се „вештачка нација“, а Бугарите се „дар од Бога“

November 11, 2020 20:58
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во историските истражувања на Балканот има две спротивставени групи: Едната бара меѓународно признание, а втората им служи на закоравените национални стереотипи, анализира германскиот Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ).

Историјата на Балканот е моќ – оној кој ќе го отфрли ова клише, всушност му подлегнува на клишето. Весникот на овој начин ја отвора анализата за влијанието на историјата во балканските спорови но, уште поважно, за инструментализацијата на таа историја од страна на политичари и, особено, историчари задолжени „да им служат на народот и државата“ , а не на научната вистина.

Поводот, како што пренесува Дојче веле, е токму историскиот спор кој Бугарија и го наметнува на Северна Македонија како услов за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Како прв пример за таквата моќ на историјата ФАЦ го наведува поранешниот грчки премиер Константинос Мицотакис кој во 1993 година паѓа од власт затоа што „многу меко“ настапува во спорот за името со соседна Македонија. Во 2018 година, со Преспанскиот договор, Македонија го менува името во Северна Македонија, а Грција го признава постоењето на македонскиот народ и јазик, наведува весникот. Но, сега Бугарија го продолжува идентитетскиот спор, атакувајќи ги токму јазикот и идентитетот на Македонците, поставувајќи ги како услов за ЕУ.

-Софија ќе ја повлече заканата за вето само доколку Македонците се подготвени да го преземат бугарскиот историски наратив: притоа, македонската е една „вештачка нација“- наспроти бугарската, која во Софија веројатно ја сметаат за дар од Бога, падната од небото или создадена преку осмоза“, пишува ФАЦ.

Според весникот, за да ја појасни својата позиција во ЕУ, бугарската Влада испрати Меморандум создаден од нејзините куќни и дворски историчари, кој во некои делови е ненамерно комичен. Во него се вели: „Македонски јазик или таков народ до 2 август 1944 година не постоеле“.

-Каков неверојатен заклучок: Се до 1 август 1944 година немало ни македонски народ, ниту македонски јазик, но веќе следниот ден одеднаш обете стапнале на бината на историјата. Она што еснафот, верни на владата, историчари со тоа сакаат да го кажат е дека југословенските комунисти од 1944 година систематски промовирале рудиментарен пристап за независен македонски идентитет, односно изградба на нација. И доколку тоа Скопје не го прифати, како што гласи суштината на позицијата на Софија, тогаш мора да си бара некое чаре- ама во ЕУ нема да влезе, пишува ФАЦ.

Но, ваквите ставови на официјалната бугарска политика и историографија наидоа на отпор и во самата земја, наведува весникот. Неодамна, 40 бугарски интелектуалци- историчари, лингвисти, писатели и други социјални научници, остро ја критикуваа историската политика на нивната влада.

-Во нивната Прокламација, академиците ја критикуваат ’доминацијата на една застарена, романтизирана и митолошка бугарска историографија’ во Бугарија, која, во некои делови е дури и смешна. ‘Не мислиме дека процесот на создавање на македонската нација, од сите нејзини аспекти, во основа се разликува од било која друга нација’, пишуваат тие и им порачуваат на бугарските власти да не се чудат зошто Европа не ги разбира. Бугарските интелектуалци, притоа, бараат фундаментална реформа на бугарската историографија и промена на парадигмата во историското размислување, додава ФАЦ.

Писмото на интелектуалците е значајно, оценува весникот, бидејќи отворено го напаѓа сојузот меѓу националистичките историчари со владата, нешто што може да се најде во различни форми во сите балкански држави.

-Во историските истражувања на Балканот, практично има две спротивставени групи: Едната бара меѓународно признание, а втората им служи на закоравените национални стереотипи, а како награда добива државни ресурси и ја контролира нивната распределба. Оттука, историчарите со институционална моќ во балканските држави не секогаш се и најдобрите од нивниот фах. Тие не сметаат дека имаат обврска кон независно истражување, туку ја дефинираат својата улога како слуги на народот и државата, пишува ФАЦ и додава дека ваквите историски погледи често можат да се најдат во националните академии на науки и особено во нејзиниот врв.

-Замотани во кожурецот на ’националната’ историска наука, со јасни непријатели и без балансирање, ваквите истражувања се повеќе го губат приклучокот со меѓународните стандарди. Епилогот се национално ограничени академски монолози. Но, во сите земји од регионот постојат многу извонредни историчари, кои не се националистички кооптирани, туку истражуваат и публицираат согласно највисоки стандарди. Сега тие луѓе го кренаа гласот во Бугарија“, заклучува Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Next Post

Вечерен преглед на вести: Можната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ Заев ја гледа како предност, Бугарскиот меморандум е комичен, Бугарите се „дар од Бога“...

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk