ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Заев на Парискиот мировен форум: Од сите нас зависи каков ќе биде светот после КОВИД-19, имаме шанса да го направиме подобар

November 12, 2020 18:26
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот Зоран Заев денеска учествуваше на Парискиот форум за мир кој оваа година се одржува целосно во дигитален формат и преку видеоконференциска врска. На Форумот учествуваат повеќе од стотина шефови на држави и влади, лидерите на меѓународните организации, како и други влијателни личности од меѓународниот бизнис, од граѓански организации, од академската сцена, од верски организации…

Во своето видео обраќање на Парискиот форум за мир, основан со мисија да ја поттикнува соработката и трагањето по најдобри решенија за предизвиците со кои се соочува светот како што се климатските промени, тероризмот, миграцијата, сајбер несигурноста и слично, а годинава фокусот го стави на пандемијата со КОВИД-19, премиерот Заев истакна дека денеска светот е исправен пред заеднички непријател кој за многу кусо време покажа дека не ги признава границите.
Заев во неговото видео обраќање нагласи дека пандемијата предизвикана од коронавирусот не само што го загрози најскапоценото – човечкиот живот, туку ја турна на колена светската економија и речиси нѝ го одзеде социјалниот живот.
-Со право, граѓаните го свртеа погледот кон нас лидерите, со очекувања да изнајдеме брзи и ефикасни решенија. И ние, ја примивме пораката! Секојдневно и без одмор, во национални рамки, во европски, и еве како овие три дена – на Парискиот форум за мир, и во светски рамки, се обидуваме да изнајдеме соодветен одговор на кризата која треба заеднички да ја надминеме. Тука сме сите заедно да размениме идеи и најдобри практики со цел да изнајдеме решение за овој предизвик, потенцираше премиерот Заев.
Тој додаде дека длабоко е уверен оти единството и солидарноста се потребни повеќе од кога било и дека светските лидери треба во практика да ги покажат овие вредности кои ќе бидат на висина на предизвикот – да не познаваат граници и да бидат глобални.

-Од сите нас зависи колку светот после КОВИД-19 ќе биде ист или различен, но сега ја имаме шансата, која не смееме да ја пропуштиме, да го направиме подобар!“, рече Заев.

Во своето обраќање на церемонијата на свеченото отворање на работата на Парискиот форум за мир, претседателот на Франција Емануел Макрон подвлече дека како никогаш досега на светот му треба нов консензус за прашањата од интерес на сите граѓани на глобално ниво, како што се пандемијата со КОВИД-19, тероризмот и климатските промени.

Како приоритет тој го истакна прашањето за заедничката соработка и солидарност на утврдувањето на безбедна и ефикасна вакцина и за потребата од мултилатерална поддршка на глобалниот план КОВАКС, чија цел е да обезбеди фер дистрибуција на вакцините против КОВИД-19.

Next Post

Пендаровски им посака успех на фудбалерите на натпреварот со Грузија

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk