ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Изборните саботажи на ВМРО-ДПМНЕ во време на пандемијата

November 21, 2020 15:52
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ МЕДИА

По воведување на кризна состојба во траење од 30 дена од Владата на Северна Македонија, ВМРО-ДПМНЕ веднаш најде нова причина за обвинување. Овој пат, обвинувањата се повеќе на сметка на министерот за здравство, Венко Филипче, барајќи и негова оставка, отколку „традиционалните“ барања за оставка на Зоран Заев.

Контекстот се предвремените локални избори во Штип и Пласница во време на зголемен број на заболени од Ковид-19 и нивното спроведување во рамки на кризната состојба.

„И додека прогласија кризна состојба која ќе трае 30 дена, Заев, а и Филипче со него ќе тераат избори во Штип и Пласница. А само во Штип за последното денононоќие има 32 нови случаи на корона вирус“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ излезе со одговор посочувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не е компетентна да коментира или обвинува со оглед на тоа дека ниту еднаш не покажала конструктивност, туку е во постојан обид политички да профитира, а и да ги злоупотребува починатите и нивните најблиски.

„За Владата предводена од СДСМ приоритет е заштита на здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија, затоа воведе 30-дневна кризна состојба на територијата на целата држава за да ги мобилизира сите капацитети за заштита на јавното здравје и спречување на ширењето на заразата со коронавирусот“ – гласеше одговорот од СДСМ.

Според владејачката СДСМ, напротив, ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата со коронавирусот се однесува деструктивно, ги поткопува сите напори на здравствениот систем и на институциите за справување со кризата, во очајни обиди политички да профитира ги злоупотребува починатите и нивните најблиски и бара оставки.

„ВМРО-ДПМНЕ преку својот висок функционер Вело Марковски, кој смета дека Ковид-19 е некаков безопасен вирус, па дури и дека не треба да се носат маски, свесно поттикнува на непочитување на мерките, кои масовно се прекршуваа и на нивните собири. ВМРО-ДПМНЕ ги саботира сите мерки и напори за спречување на ширењето на вирусот. Мицкоски е неодговорен и незрел политичар опасен по здравјето на граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција“, велат од СДСМ.

Токму ВМРО-ДПМНЕ за време на предвремените парламентарни избори на  15 јули водеше кампања со собири не почитувајќи ги мерките за заштита од корона вирусот. Таков пример е собирот во Неготино и Кавадарци, на 26 јуни 2020 каде се гледа дека воопшто не се почитуваа мерките за заштита од Ковид-19, а присутните воопшто не одржуваа потребно растојание.

ВМРО-ДПМНЕ „возеше“ протести со луксузни автомобили против поскапувањето на струјата, за правда и слобода, но и за празникот што го воведоа за време на режимот, Денот на револуционерната борба, истовремено „водејќи сметка“ за загадувањето.

Или, како што во својата колумна, напиша Џабир Дерала:

„Вмровците се во право кога протестираат со коли „за да биде помасовно“, како што напишаа во една своја внатрешна комуникација. Се работи за супер лускузни лимузини и спортски аутца, кои не го загадуваат воздухот, за разлика од онаа ситна автомобилска боранија во која се вози обичната раја.“

Нивните пратеници го кочеа изгласувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести, за на крај „загрижени“ за јавното здравје се откажаа од изборите во Штип и Пласница.

ВМРО-ДПМНЕ беа и единствените што се „радуваа“ на бугарското вето и обвинуваа за “распродавање на македонскиот идентитет”, само „попатно“ кочејќи го процесот на евроинтеграциите на земјата.

Next Post

(ВИДЕО) Документарен филм посветен на Игор Маџиров, детето со црвената коса

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk