ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Тамара Котевска и Фејми Даут специјални гости на седмата сесија на Филмската училница

November 22, 2020 09:40
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Седмата сесија на Филмската училница помина во знакот на документарниот филм МЕДЕНА ЗЕМЈА (Honeyland, 2019) на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов. Откако ја проследија проекцијата на филмот, учесниците имаа уникатна можност да присуствуваат на мастер-класот што го одржаа режисерката Тамара Котевска и кинематограферот Фејми Даут.

Како што соопшти Кинотека, мастер-класот на двајцата креативци од тимот на „Медена земја“ го модерираше филмската и ТВ режисерка Марија Џиџева.

-Македонскиот документарец „Медена земја“ минатата година буквално го покори светот на филмот. Од премиерата на фестивалот на независни филмови во Санденс на почетокот на 2019 до доделувањето на Оскарите на почетокот на 2020, каде што беше номиниран во категориите за најдобар документарец и најдобар странски филм, филмот на Котевска и Стефанов (но и на кинематограферите Даут и Самир Љума) доби десетици и десетици награди на фестивалите од сите меридијани во светот, потсетуваат од Кинотека.

Неверојатната сторија за животот на Атиџе Муратова, последната одгледувачка на диви пчели во Европа, и нејзината мајка – но и номадското семејство на Хусеин Сам во соседството, како што се наведува, беше повеќе од инспирација за учесниците на седмата сесија на Филмската училница.

Гостувајќи пред најмладите филмофили, кои што се веројатно најблагодарната публика за филмските творци, Котевска и Даут разговараа со десетината учесници на Филмската работилница. Раскажуваа за нивните соништа, надежи и стравувања кога станале студенти на Факултетот за драмски уметности во Скопје, што (не) научиле во таа школа, начинот на кој ги создавале нивните први филмски творби…

-„Медена земја“ секако е досегашен врв во нивните кариери, но Котевска и Даут воопшто не го митологизираат успехот кој го постигнале. Напротив, отворено говореа за начинот на кој го создавале „Медена земја“, судирот на сопствениот филмски авторски поглед со гламурот на фестивалските црвени теписи – посебно оној оскаровскиот…, се вели во соопштението.

Даут ги советуваше идните филмаџии да не се потпираат само на најновите технолошки дострели како алатки во филмското творење, туку да изнајдат сопствен мотив во креацијата, која во документаристиката секогаш бара трпеливост и истрајност. Котевска, пак, им раскажуваше за тоа што планирале како крај на сторијата во „Медена земја“, а што конечно реализирале како резултат на неколкугодишното соживување со Атиџе и мајка и Назифе.

Учесниците на седмата сесија на Филмската училница добија и ДВД издание со три филма на Милчо Манчевски: ПРЕД ДОЖДОТ, ПРАШИНА и СЕНКИ.

Проектот за интерактивната филмска училница, каде младите филмофили се запознаваат со аудио-визуелното богатство, историјата на филмот, со филмскиот јазик и аудио-вузуелното изразување и имаат можност за креирање авторски филмски етиди, се одвива под мотото „Гледај филмови, учи и создавај!“.

Проектот е финансиран од Министерство за култура, а во  неговата реализација учествуваат и Владимир Ангелов, Александра Младеновиќ, Дамјана Ивановска, Бојан Станишиќ, Лидија Христовa, Миле Миленковски, Александар Василевски, Тихомир Кашмицовски, Игор Старделов, Стојан Синадинов…

Next Post

Mедведев за прв пат го победи Надал и се пласираше во финалето на АТП-завршниот турнир

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk