Околу 200-300 граѓани се насобраа на митингот на ВМРО ДПМНЕ кој го оддржа попладнево пред Владата, иако најави почитување на мерките, сепак на Мицкоски тоа не му успеа, бидејќи согласно законот групирање на повеќе од 4 лица е казниво и казната изнесува 500 евра, пишува Центар. мк.
Со ваквото грубо кршење на мерките за заштита од ковид 19, се става во опасност здравјето на присутните луѓе, но и поради ваквото хазардерство на елитата од Белата палата, може да настрадаат и индиректни контакти на овие насобрани граѓани, со оглед дека ковид 19 се пренесува од човек на човек многу лесно и не е препорачливо групирање.
Чудно е како Христијан Мицоски пред само неколку дена бараше полициски час со кој практично би требало да се ограничи движењето на луѓето, а денес организираше масовен корона-митинг со кој видливо се загрозува здравјето на граѓаните.
Покрај митингот речиси цело Скопје беше блокирано за сообраќај, бидејќи полицијата мораше да го обезбедува кордонот на возила од елитната ВМРО ДПМНЕ кои парадираа низ главниот град, во екот на месеци кога загадувањето е поголемо.
Извор: Центар. мк