Нови 820 случаи на Ковид 19, оздравени се 895 пациенти, починати се 32 лица. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61.543, бројката на оздравени пациенти е 38.400 на починати е 1.731, а бројот на активни случаи изнесува 21.412.
Коментар на авторот на интервјуто со Борисов: Бугарија прави сѐ за да го загуби пријателството со Македонците. „Со мудрата политика од 1991 година, Бугарија беше во најдобра позиција да ги направи Македонија и Македонците најблиски соседи и пријатели. Наместо тоа, Бугарија сега прави сѐ за да се оттуѓи од својот потенцијален сојузник со покровителство и понижување. Тоа е сигурен пат да ги загуби пријателите“, вели Мартенс.
Д-р Пановски по посетата на Интерните клиники, на барање на Филипче – Се почитуваат протоколите за терапија и лекување на ковид пациенти. Организационо солидно се поставени центрите, со јасна поделба на зелена и црвена зона, персоналот е адекватно заштитен, а тоа што јавноста треба да го знае, е дека во сите тие центри постојано има присутен пулмолог …– пишува Пановски.