ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: САД бара билатералните прашања да се решаваат надвор од евроинтегративниот процес, Бугарија во челустите на сопствената политика

November 30, 2020 12:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Сето она што се случуваше на релација меѓу ЕУ и Република Северна Македонија во изминативе 30 години, е огледало на реалната состојба во Унијата, оценува ријечкиот весник „Нови лист“ во текст посветен на европскиот пат на земјава.

Во ФРОНТ, Сашо Орданоски – Бугарија во челустите на сопствената политика (само за 18+). Така си оди тоа на Балканот: соседите до крај мораат да ве омаловажат, пред да ви ја отворат вратата на надежта.

„Фајненшел тајмс“: Бугарија се приклучи кон проблематичната европска група. Тензиите дополнително се зголемија во последните неколку недели, бидејќи Бугарија го блокираше отворањето на разговорите за влез на Северна Македонија во ЕУ, зголемувајќи ги стравувањата дека може да им се придружи на Унгарија и Полска во нивните чести битки со Брисел и земјите-членки на Унијата

САД со охрабрување билатералните прашања да се решаваат надвор од евроинтегративниот процес. Рикер, во писмо истакнува дека САД остануваат посветени во поддршката на Северна Македонија за нејзините интеграции кон Европската Унија и изразува разочарување што земјите членки на ЕУ не постигнаа согласност да ја одобрат преговарачката рамка за почеток на преговорите за членство на ЕУ за нашата земја.

ESSPRESO од Дерала: Една сосема приватна белешка за познат криминалец од понизок ранг. Оној бедник, полтронот на Груевски, што се нафатира со пари наменети за субвенции во сточарството, а се претставуваше и како новинар, должи пари на сите страни, меѓу другото и на потписникот на овие редови.

Медицински персонал од Воено-медицинскиот центар, составен од 12 лекари и 20 медицински сестри од денеска се вклучува во работа на интерните клиники каде има неколку ковид оддели.

Четириесет и четири граѓански здруженија и иницијативи бараат закон кој ќе спречи создавање хидроцентрали на Шар Планина, а од Министерството за животна средина согласно член 97 од Законот за заштита на природа, да ја стави Шар Планина во привремена заштита.

Во заштитата на нашите културни добра освен надлежните институции мора да се вклучат и локалните самоуправи и се разбира имателот на сите овие добра, потенцира министерката за култура Ирена Стефоска.

Какво им е тоа килаво духче, “Оставка на Заев, слобода на народот”? Еве им неколку слогани од мене, бесплатни – 10 слогани за Мицкоски, пишува Ненад јовановиќ.

Затворени копнените граници на Грција и забранет влез за државјани на трети земји до 14 декември. За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас (Кулата) и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk