ТЕРАПИЈА претставува платформа чија цел е креирање на простор за развој на независна културна и клупска сцена. Македонија отсекогаш имала вибрантна клупска сцена која била на рамниште со сцените во регионот и Европа. Клубовите беа витални места на поврзување, ослободување и задоволства.
ВО ПОЛИКЛИНИКАТА во Шуто Оризари од следната недела ќе почне да работи пункт за тестирање со брзи антигенски тестови за коронавирусот. Матичните лекари ќе можат да закажат термини за тестирање веќе од понеделник. Од среда ќе почне тестирањето и ќе се одвива секој ден од понеделник до петок во прва смена, информираат од Министерството за здравство.
ПАРИЧНА награда во износ од 100.000 денари за освоениот медал на Европското младинско првенство во бокс му беше врачена денеска од Град Скопје на македонскиот репрезентативец Ардијан Аземи.
МИНИСТЕРКАТА за култура, Ирена Стефоска заедно со специјалната советничка за соработка со УНЕСКО, Јасмина Шопова, ќерка на македонскиот поет, Ацо Шопов, кој е роден во Штип денеска беа во работна посета на Дом на млади-Штип.
ПРОДУКЦИЈАТА Арбфилм го објави трејлерот на играниот филм „Исчезнатиот“ на режисерот Арбен Тачи финансиран од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Сценариото на филмот е напишано од самиот режисер, е базирано е на романот на Абдулазис Ислами „Исчезнатите од Пројона“.
НОВОЗАРАЗЕНИ 782 лица, починати 13 и оздравени 572 е биланост од епидемолошката состојба во последното деноноќие во Албанија.
БРОЈОТ на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.062 од појавата на болеста, откако во изминатите 24 часа се регистрирани 22 починати, што претставува нов црн рекорд на жртви на епидемијата во еден ден, јави дописникот на МИА од Приштина.
ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 часа во Грција повторно е регистриран голем број смртни случаи од Ковид-19, починаа 100 лица, а заразени се 1.882 лица, јави дописничката на МИА од Атина.