Јавниот долг годинава 60 проценти, во 2021 ќе се зголеми за еден до два процентни поени, прогнозира НБ. Особено е важно, според гувернерката на НБ, Анита Ангеловска Бежоска, буџетските расходи целно да се насочени кон поддршка на растот и потенцијалот на економијата.
БДП во третото тримесечје минус 3,3 проценти. Извозот на стоки и на услуги номинално е намалено за 6,8 проценти, а увозот на стоки и на услуги бележи намалување во номинален износ од 3,2 проценти.
Пендаровски: Добивме понуда за членство во Европската економска заедница, но одбивме. Претседателот на државата предупреди дека сите алтернативи, регионални или строго економски, се опасни за земјите од регионот бидејќи тие немаат долга демократска традиција и многу лесно може повторно да станат плен за автократски режими.
На повидок уште едно фијаско на ВМРО-ДПМНЕ со протест пред Влада вечерва во 18 часот. „Треба да се случи народ за Заев да престане да продава“, вели Мицкоски. За среќа, народот е во мал број, па помали се шансите за кластер „штитот на Македонија“.
Гир: Заеднички интерес е меѓувладината конференција да биде закажана што порано. Во овој момент не е прашање дали РСМ ќе ги отпочне преговорите со ЕУ, туку прашањето сега е само кога“, подвлече Гир.
Пендаровски: Време е ЕУ интеграцијата на земјите од Западен Балкан да ја препознае како главна стратешка и геополитичка одлука, а не како техничко прашање.
Јовановиќ ја праша Левица: За парите што ги добивте не ви текнуваат„смешни“ амандмани? Нека видат сите убаво дека не им е гајле ниту за сиромашните, ниту за државата, него само за еврата на нивните сметки…“, стои во објавата на Јовановиќ.








