пишува: Ненад Јовановиќ
Го слушнав Дарко Митревски, режисерот на “Трето полувреме” на Тв Алфа. Најлоша работа за едно уметничко дело е кога тоа ќе се политизира, без разлика на историските факти кои се проблематизираат во филмот. Од друга страна, многу е погано од негова лична, човечка страна, кога и после толку години тој, истиот Дарко Митревски, своето уметничко дело да го претвора во политички памфлет за националистичко инјектирање.
За себе вели дека е либерал и атеист, вели уште дека е и патриот, а вели и – барем од она што го слушнав кај Момировски на Алфа – дека отсекогаш сакал да живее во Америка. Со гордост зборува дека е американофил, со гордост зборува дека е американски државјанин. Што од друга страна ми дава за право да мислам дека не е протеран од оваа земја, туку самоволно си заминал.
Притоа, Митревски додека беше тука, ете, бил кај Груевски, бил кај Црвенковски, оваа земја не му затворила врата, туку напротив, му дозволиле и му ги објавувале филмовите без разлика на содржината и уметничките рефлексии. Му ги финансирала самата држава филмовите.
За денес, од безбедна далечина, да плука на се’ она што ја подджува промената, договорот од Препа, НАТО, а и тоа што сакаме да се помириме со Бугарите во интерес на ИДНИНАТА.
Митревски живее во Калифорнија и не е глупав да се врати тука, оти, како што вели и самиот: “ова не е моја земја и ова не е моја култура”.
Има еден интересен детаљ за сите националисти. Митрески е класичен прототип на тоа. Во нашата држава, денес преку интервјуто на Алфа, шприца историски ресентимани, а во Американската реалност, што значи во неговата, пишува трилери, се декларира за либерал и атеист.
Уште еден професионален патриот од дијаспората што по потреба е националист, а додека беше во земјата сите филмови му беа снимени и поддржани, и тоа брате од премиери и претседатели. Лично, на состанок. Дарко Митрески со премиерот и претседателот.
Оти сега во Калифорнија не ја шири македонштината, па земал да пишува фикционални трилери?
И нормално, на крајот го навредува Заев (каде може нешто без Заев?) во класично скопско-шибицарски манир: да одел Заев да продава ајвар, а во владата биле никаквеци.
Срамно. Дарко. Срамно. Нека му служи на чест.