Ако историскиот Договор од Преспа нѐ научи на нешто, тоа е дека е време да правиме историја на Балканот, наместо да бидеме заробени во неа, напиша на „Твитер“ лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер Алексис Ципрас.
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, денеска ја повика ЕУ да спречи „уцени“ против нашата земја, која се соочува со нови пречки на патот кон ЕУ.
Последни обиди да се тргне бугарското вето до крајот на годината. Во очекување на амбасадорскиот состанок на кој германското претседателство повторно ги враќа заклучоците за проширувањето на ЕУ, вклучително и за Северна Македонија, кои беа отстранети минатата недела поради блокадата на Бугарија
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) го истакнаа своето спротивставување на евентуалните измени на членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кои би било дозволено рекламирање на јавни институции во медиумите.
Онлајн панел дискусија – „Промовирање акција и дискурс за решавање на националистичките наративи“ во организација на „Европски покрет у Србији“. Панелисти се: Ненад Себек, Лејла Турчило, Џабир Дерала, Астрит Иштрефи и Зилифтар Брегу.
Синтагмата „заедничка историја“, која не е дефинирана во самиот Договор за пријателство, се претвори во една од главните пречки во работата на Комисијата, пред сѐ, поради едностраното толкување, дека всушност таа означува историја на еден народ, односно на бугарскиот, започнувајќи од IX век па сѐ до 1944 година. Таквото толкување е неодржливо и неприфатливо, истакнува претседателот на македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања, Комисија, Драги Ѓоргиев.
Се крадат и уништуваат новопоставените новогодишните реквизити низ Општина Струга. Она што требаше да ги развесели стружани стана мета на вандали кои ја уништуваат и крадат опремата од новогодишнто украсување.
Десет светски трендови во 2021 година, според „Економист“.
Речиси едно од четири лица може да не примаат вакцина против Ковид-19 барем до 2022 година затоа што богатите земји со помалку од 15 проценти од светската популација имаат резервирано 51 процент од најперспективните дози на вакцини, соопштија истражувачите од Школата за јавно здравје „Џонс Хопкинс“ во САД.
За Иловица, не гледам причина Владата да донесе одлука различна од претходната. Имено, владата донесе одлука за раскинување на договорот, но Судот го врати назад на повторно одлучување, и сега Владата не треба да донесе поинаква одлука, вели министерот за правда Маричиќ.
J. Ѓ.







