– Постоењето на еден специјализиран портал каков што е „Правосудство“ произле од фактот дека правосудството е на самото дно на општественото живеење, но не поради тоа што некој таму сака да биде, туку поради тоа што години наназад тоа претставуваше продолжена рака на извршната власт, вели Љубиша Станковиќ главниот и одговорен уредник на порталот „Правосудство.мк“ во изјава за ФРОНТЛАЈН.
Тој нагласува дека падот на оние кои се залагаа за послушност беше предизвикан од паролата: „Нема правда – нема мир!“ и додава дека перманентните укажувања кои доаѓаа од Европската унија дека нашиот правосуден систем го допрел дното за нас беа само констатации со кои ние, секојднено се судираме.
„Затоа и мислам дека појавата на „Правосудство“ е нешто како глас на обесправените, односно глас кој треба да зборува за потреба од вистинска правда. Првите три години минаа. Порталот „прооде“, а зборува уште од својот прв ден на постоење. Така ќе биде и во иднина!“, потенцира Станковиќ
Порталот „Правосудство“ е еден од ретките портали во Македонија кој се специјализира за следење на работата на правосудството во државата, а деновиве одбележа три години од неговото постоење.
Ј. Ѓ.