ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Анализа: Ситуацијата со Скопје може да прерасне во „комуникациска криза“ за Бугарија

December 22, 2020 21:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Односите на Софија со официјално Скопје се една од шест можни кризни ситуации за Бугарија во текот на следната година, што може да прерасне во комуникациска криза и да му наштети на имиџот на државата, оценува бугарскиот Центар за анализа и кризни комуникации.

Центарот смета дека поради ова секоја акција на Бугарија во врска со земјава мора да биде добро анализирана и проценета и од политички и од комуникациски аспект.

– И во двете земји говорењето на оваа тема е оставено на самоволието на екстремните мислења и ова прашање има потенцијал да стане заложник на псевдо-патриотски политички формации. Недостасува стратешка комуникација од страна на Владата, за темата не се зборува во целост пред нашето општество, но таа не е добро презентирана ни пред европските партнери, оценува Центарот.

Поради сето ова, според авторите на анализата, би можело да се каже дека „ситуацијата со Република Северна Македонија има потенцијал да прерасне во комуникациска криза“.

– Така, овој, во моментов дипломатски случај, претставува опасност да се одрази негативно на имиџот на нашата земја во отсуство на соодветна комуникација низ цела ЕУ, смета Центарот.

Според Центарот, односите на Бугарија со земјава се меѓу факторите што може да придонесат за влошувње на имиџот на Софија пред европските партнери, што се посочува како втора „комуникациска криза“.

– Скандалите во врска со тема со Република Северна Македонија, бројните тврдења за корупциски скандали, чудните интервјуа на владини претставници за западни медиуми, одбивањето да се прифатат некои европски вредности и последните постапки не оддалечуваат од нашиот цивилизациски избор да бидеме дел од демократскиот свет и придонедуваат за влошување на нашиот имиџ пред европските партнери, оценува Центарот.

Во документот се наведува дека ако Бугарија не преземе професионални стратешки мерки за подобрување на комуникациите, „нема да може да се позиционира како сигурен партнер, кој нема да биде од оние што само замаат средства од ЕУ“.

Како останати „сериозни комуникациски кризи“ за Бугарија за следната година, Центарот, ги посочува и можната владина криза, парламентарните избори, вакцината против Ковид-19, лажните вести и конспиративни теории, како и потенцијаната криза во здравствениот систем./МИА/

Next Post

Половина милион Европејци починале од коронавирус

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk