АНАЛИЗА: Кога е легален канабисот помалку се пуши, а медицината и економијата цветаат.
КОМЕНТАР: Интегрирани предмети – диференцирани содржини – пишува Росица Колева.
ФРОНТ: Взродителен процес број два – пишува Бранко Тричковски.
Едно дваесет и петгодишно лице од Лопате добило кривична пријава бидејќи организирало семејна веселба и пукало со оружје, информира МВР.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1253 тестирања, а регистрирани се 296 нови случаи на ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 511 оздравени пациенти. Починати се 18 лица.
Отворено стрелиштето на Армијата и МВР – квалитетната обука на безбедносните сили предуслов за зачувување на безбедноста.
Новогодишно изненадување на детската клиника – Дедо Мраз го донесоа пожарникарите. Министерот за здравство денеска во посета на детската клиника во придружба со Дедо мраз делеше пакетчиња.
Спасовски: Казната за бандитското однесување на возачот со бентлито е мала, планираме драстично зголемување на казните,
Шекеринска: Кога една партија неколку месеци пред пописот што сите го чекаме речиси 20 години, ќе ви даде предлог да се купат илјадници апарати за чија набавка не само што требаат пари, туку треба и долг временски период, тоа практично покажува дека повторно не сака да има попис.
Засега фиксна е само бројката од 833.000 вакцини за кои државата веќе алоцираше средства и со неа може да оперираме. За останатите бројки, јавноста ќе биде дополнително информирана, повтори денеска владиниот портпарол, Душко Арсовски.
Арсовски: Помошта од 6.000 денари ќе ја добијат сите на кои им следува, се исплаќаат 27,5 милиони евра кон најранливите.
На албанската државна телевизија емитувана е честитка на македонски и на јазиците на другите етнички заедници по повод Божик и Нова година.
Вкупно 35 милиони евра ќе добијат 75 општини за 99 инфраструктурни проекти, средства пренаменетити од ТАВ.
Хоџа: Владата не сака да ги коментира изјавите на партиите, продолжуваме со реформите и евроинтеграциската агенда.
Младински културен центар денеска соопшти дека е подготвена специјална новогодишна програма „Чао 2020“ со концерти, диџеи, готвење, смеење, поезија и по некој поздрав и честитка од публиката на МКЦ.
J. Ѓ.