Развој е можен само со точни статистички податоци, попис ќе има идната година во април. Пописот не смее и нема да зависи од волјата на политичките партии и лидери, напиша вечерва премирот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
Македонскиот идентитет на македонскиот народ и македонскиот јазик апсолутно се величина како што се бугарскиот, германскиот, францускиот, италијанскиот, чешкиот, полскиот… Тоа е европска вредност и за такви вредности, ниту се разговара, ниту се преговара, порача вчера премиерот Зоран Заев. Најави дека очекува напредок во разговорите со Бугарија по завршувањето на изборите кај источниот сосед.
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е информиран за разрешувањето на советникот Шпат Касапи од кабинетот на вицепремиерот Артан Груби, оценувајќи дека не може лице на такво високо ниво да биде поврзано со недозволени активности.
Во Јапонија денеска е идентификуван уште еден, најнов вид на коронавирус, што е откриен во Јужноафриканската Република. Јапонските власти одлучија од денеска да го забранат влезот за странци во земјата, во обид да спречат ширење на новиот, позаразен вид на коронавирус, што за првпат беше откриен во Велика Британија.
Сите треба да се вакцинираме, но не би сакал да бидам меѓу првите затоа што пред мене има здравствени работници кои директно работат со заразните. „Сакам да упатам апел до сите, не само политичари, туку и влијателни луѓе од општествниот живот во земјава, да дадат пример, да се вакцинираат, со што ќе упатат порака дека ова e тоа што е потребно за да победи вирусот и да заврши пандемијата“, додава Пендаровски.
Според Претседателот, засега, ништо не треба да менуваме во пристапот, и не гледа потреба од анекс на Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година. „Не треба да менуваме ништо во пристапот, туку треба да почекаме од Софија, не да дојдат нови луѓе на власт, туку истиве да сфатат, дека ако им беше мотивот избори и сакаа да остварат подобри резултати на нив со ветото, сега имаат цел мандат пред нив и можеме да се свртиме кон рационални аргументи во преговорите“, рече Пендаровски.
Претседателот на државата Стево Пендаровски не гледа ништо спорно во предлогот на опозицијата да се обезбедат терминали за отпечатоци на прст за пописот доколку со тоа се даде поголема веродостојност на самата статистичка операција, но смета дека нема доволно време. Законот за попис уште не е усвоен. Јас би сакал да го видам неговиот конечен облик. Не е важно дали има европско знаменце, важно е да има политичка волја и дали можеме да се усгласиме што е витален национален државен интерес, рече Пендаровски.
После подолг временски период вчера бројот на новозаразени со Ковид-19 е под 100. Министерството за здравство вчера соопшти дека во последните 24 часа се направени 700 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на Ковид-19. Починати се 11 лица, а 419 оздравеа. Бројот на активни случаи изнесува 19 698. Досега направени се вкупно 394 329 тестирања на Ковид-19.
По долгогодишно преговарање меѓу државата и компанијата „Макпетрол“ и повеќе судски спорови за сопственоста на гасоводот вчера во Собранието е изгласан законот со кој гасоводот преминува во 100-процентна сопственост на државата. Законот беше изгласан со 60 гласа „за“ и 30 гласа „против“, а за него во изминатите денови на маратонска седница дебатираа пратениците од власта и опозицијата.
Од МВР известуваат дека е објавен јавен оглас за прием на 600 извршители за работното место „полицаец“.
СДСМ сè уште води во анкетата на Телма/МЦМС, пред ВМРО-ДПМНЕ, дури и покрај целата општествено-економска катастрофа што се истури пред прагот на оваа власт во последната година. Личниот рејтинг на Заев во јавноста бележи нешто под 40% поддршка во македонската јавност, додека пак Мицкоски губи со речиси 12% разлика во личните споредбени рејтинзи. Можеби на Мицкоски му е дојдено крајно време да се запраша зошто својата партија со голема тврдоглавост ја препушта на милост и немилост на пораснатиот рејтинг на радикалната политичка агенда и водачот на Левица?
Десет професори од универзитетите во Скопје, Битола и Штип ќе добијат надомест на средства платени за објавување научни трудови во списанија со фактор на влијание, реферирани во базите на Web of Science или Scopus за 2018, 2019 и 2020 година.
Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната 45-та седница го усвои годишниот план за проверка на имотната состојба и интереси за претстојната 2021 година, кој ќе се реализира во три квартали и ќе бидат опфатени градоначалници, судии и функционери, за кои граѓаните имаат поднесено претставка, по што ќе се направи селекција и ќе бидат објавени.