Сите треба да се вакцинираме, но не би сакал да бидам меѓу првите затоа што пред мене има здравствени работници кои директно работат со заразните. Исто така, ако првата квота е лимитирана, тогаш не би сакал да им земам од нивната квота“, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за МТВ.
Според него, кога ќе се процени дека има доволно за сите, тогаш тој со своето цело семејство ќе ја прими вакцината.
„Сакам да упатам апел до сите, не само политичари, туку и влијателни луѓе од општествниот живот во земјава, да дадат пример, да се вакцинираат, со што ќе упатат порака дека ова e тоа што е потребно за да победи вирусот и да заврши пандемијата“, додава Пендаорвски.