ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(Видео) Заев: Народните херои ги убил фашист, а не цели народи

December 30, 2020 16:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Очекувам од бугарската страна да направи чисто признавање на македонскиот народ и македонскиот јазик, а опозицијата да не печали лични поени на штета на европската иднина, рече премиерот, Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања.

На обраќање на пратеничката Рашела Мизрахи со посочувања за фашистички однесувања во земјава, премиерот Заев одговори дека „народните херои ги убил фашист, а не цели народи“, дека „Бугарија не била администратор во земјава, била окупатор, но одлуката на тогашната власт и администрација во Бугарија, не ни дава за право да негуваме непријателски чувства кон целиот бугарски народ и бугарската држава“.

„Затоа е важно како зборувате. Секој може да печали по некој поен заради некој личен интерес, политички, за да дојдете до власт, моќ, пари, но оваа реторика и драматургија е заради ваши димензионирани интереси“, укажа премиерот Заев.

Тој кажа дека македонските идентитет и јазик никогаш не биле на маса на преговори и разговори и нема да бидат.

„Тоа е наше право, самоопределување, европски право и очекувам од бугарската страна да направи чисто признавање на македонскиот народ и македонскиот јазик, без какви било задршки, уцени или резерви, затоа што пријателите тоа го прават“, рече Заев.

Тој изрази очекување дека историската мешовита комисија ќе продолжи да бара решенија за отворените прашања, оценувајќи дека формулацијата заедничка историја помеѓу двата народа и двете држави е сериозна формулација на градење пријателство и европска иднина. Заев додаде дека постои заедничка македонска и бугарска историја, како што постои посебна македонска историја којашто си ја имаме како македонски народ и како држава.

„Низ ваквите формулации можеме да градиме иднина. Ќе се однесуваме одговорно и ќе градиме пријателство, во сé што е наша светост: национална посебност, македонски јазик, македонски народ, македонски идентитет, како и идентитетите на сите помалку бројни заедници во нашата заедничка татковина. Успева државата да оди напред. Денеска сме членка на НАТО, како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Ќе бидеме членка на ЕУ, како Македонци кои зборуваат македонски јазик“, рече Заев.

Next Post

Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за ГА-МА

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk