„Заклучно со 29.12.2020 година 596 работодавачи кои примиле финансиска поддршка не ја исплатиле ноемвриската плата на своите вработени. Но, со состојба на 31.12.2020 година оваа бројка се намали на 245 работодавачи кои не ја исплатиле платата на 782 вработени. За овие работодавачи се изготвени и доставени опомени за неисплатена плата. Работодавачите кои по доставената опомена нема да исплатат плата во рок од една седмица , ќе следи спроведување на присилна наплата на плата со блокада на парични средства на нивните трансакциски сметки и пренос на средствата на сметките на вработените лица„ појасни директорката на УЈП Сања Лукаревска на денешната прес конференција.
„Со опомена за неисплатена плата за месец ноември беа опфатени уште 351 работодавач и истите веќе имаат извршено исплата на платите по добиената опомена. Работодавачите кои сеуште не ја исплатиле платата се од дејностите: 43 работодавачи од дејноста трговија на мало кои на на 84 вработени не исплатиле плата, 37 фирми кои вршат подготвка на храна , оброци и служење на храна и на 108 вработени не исплатиле плата и 22 фирми од дејноста транспорт кои на 127 вработени не исплатиле плата. Најмногу фирми што не исплатиле плата се од Скопје 73 , Tетово 21 фирма и Гостивар 10. “ истакна Лукаревска.