ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: ВМРО-ДПМНЕ никогаш формално не излезе со став за протестите на 27 април, „Цветовите“ на Мицкоски венеат за роденденот на великанот Славко Јаневски…

January 11, 2021 18:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Коѕијас: Бугарија не сфаќа дека во Северна Македонија се роди нова нација со свој јазик. Наместо да ја почитува и да придонесува кон мирот и пријателството на народите во регионот, Бугарија дејствува на дестабилизирачки начин, преправајќи се дека е „Херкул без мускули“, вели Коѕијас.

Бучковски заминува за Софија. За денешното пристигнување на Бучковски во Софија се уште нема официјална потврда од Министерството за надворешни работи, кое пак викедов соопшти дека министерот за надворешни работи Бујар Османи минатата недела остварил комуникација со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева и било договорено претстојните денови да се разменат предлози од двете страни за Акцискиот план. 

Нови 104 случаи на коронавирус од 918 тестирања, 13 починати пациенти. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86.597, бројката на оздравени пациенти е 67.992, на починати е 2.635, а бројот на активни случаи изнесува 15.970.

Николовски:

Помали дискрециони права, помалку членови во одборите, проверка на потекло на имот.  Со Советот на Европа работиме заедно на проекти, но и ме радува тоа што заедно работиме со ДКСК во делот на носење на законски решенија за потекло на имот на сите функционери. Во моментов се прават компаративни анализи за да испорачаме законско решение во делот на проверката на имотот.“- истакна вицепремиерот Љупчо Николовски, како одговор на прашање на новинарите.

Од 23 Јавни обвинителства, само четири имаат некаков облик на истражни центри, рече Николовски.

Клучен проект е да нема недопирливи, ќе одговараат сите функционери кои се однесуваат неодговорно. Секој што го прекршил законот ќе сноси одговорност. Клучен проект во нашата работа е да нема недопирливи. Исполнивме голем дел од препораките на „Греко“. Донесовме нов поприменлив кодекс за етичко однесување на именуваните функционери со кој сега се опфатени сите именувани функционери од владата, а не само министрите и замениците-министри.“, потенцира Николовски.

Со проектот за интероперабилност никој нема да може да затајува и забавува случаи на корупција и криминал, нагласи Николовски. Николовски нагласи дека се започнува со целоено спроведување на проектот за интероперабилност помеѓу сите анти-корупсциски институции кои одговараат пред владата. преку него ќе се обезбеди ефикасна размена на сите материјали и податоци за предметите поврзани со корупцијата.

Заев: Имаме аргументи зошто сме лидер во регионот во енергетиката. Во енергетиката навистина имаме што да кажеме и имаме аргументи зошто сме лидер во регионот по ова прашање, пишува Заев во фејсбук статусот. Нагласува дека гасоводот со Грција е клучен проект за енергетско – економски развој на земјава. Инвестицијата за интерконекторот со Грција e проценета на 50 милиони евра, од кои 10 милиони се грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан. Во фаза на проектирање е и гасоводна врска со Косово.

Утврдена листата на кандидати за членови на ДИК, Насер Зибери предложен за народен правобранител. Сурија Рушити од Алијанса на Албанците седницата побара да биде прекината постапката за избор на народен правобранител и да се разговара за друг кандидат, кој би бил предложен од партиите во опозиција на Албанците. Од АА и Алтернатива велат дека на Зибери му била ветена оваа фунција уште пред изборите, кога се нафатил да биде премиерски кадидат на ДУИ.

Јанкулоска: ВМРО-ДПМНЕ никогаш формално не излезе со став за протестите на 27 април. Критичниот ден, како што рече, била во својата канцеларија во партиското седиште и притоа не се случувало ништо невообичаено. Дваесет и седми април остави траги кај сите нас. Јас во 17 часот си заминав од партијата, отидов дома и на телевизија видов што се случува во Собранието, додаде Јанкуловска.

„Цветовите“ на Мицкоски венеат за роденденот на великанот Славко Јаневски. Да си го лустрираш авторот на првиот роман на современ македонски јазик, сега кога се бориш како Сизиф да го зачуваш идентитетот, е Едиповски ископлексирано, твитнав таа мрачна 2013 година кога власта на вмровците преку една од машите на современиот вмровски врховизам палеше сè што е вредно македонско и модерно револуционерно….коментира Јане Ѓорѓиоски.

Општина Охрид: Направивме значајни чекори за зачувување на статусот на Охрид и езерото во УНЕСКО. И покрај тоа што се работи за еден сложен процес кој бара огромен ангажман, време и средства, преку заедничко делување и соработка започнавме да спроведуваме сериозни активности со кои ставаме крај на децениската деградација на овој регион и овозможуваме услови за поголема заштита,  се наведува во соопштението.

Во Албанија започна вакцинацијата против коронавирусот. Премиерот Еди Рама прв ја прими вакцината.

И.Т.З.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk