ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Билатералните односи и ЕУ перспективата во фокусот на средбата Османи-Сакеларопулу

January 14, 2021 12:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Напредокот на билатералните односи по Договорот од Преспа, ситуацијата во регионот и европската перспектива на Северна Македонија, биле темите за кои разговарале, претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од кабинетот на Сакеларопулу, грчката претседателка рекла дека односите меѓу двете земји се во нов продуктивен период, нешто што се потврдува и со редовните контакти на високот ниво и истакнала дека Грција очекува уште поблиска соработка меѓу двете земји.

-Претседателката на државата увери дека нашата земја останува стабилен поддржувач на европската перспектива на Северна Македонија, секако секогаш со главен критериум поставените услови и почитување на принципите на добрососедство. Потенцираше дека целосното, доследно и добронамерно спроведување на Договорот од Преспа е клучно, како за интегративниот процес на Северна Македонија во Европската Унија, така и за нашите билатерални односи , соопштија од кабинетот на Сакеларопулу по средбата со Османи.

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, ја информирал грчката претседателка за имплементацијата на Договорот од Преспа и за можностите за соработка меѓу двете земји и ѝ се заблагодарил на Грција за поддршката на европскиот пат на нашата земја.

Од претседателската палата, Османи замина за грчкото МНР, каде што е во тек средбата со министерот за надворешни работи на Грција.

Дендиас и Османи, како што соопшти МНР, ќе разговараат за теми поврзани со билатералните односи меѓу двете земји, интензивирање и продлабочување на политичкиот дијалог во различни области, како и Акцискиот план за соработка и имплементацијата на Договорот за стратешко партнерство (Преспа).

Од Министерството за надворешни работи на Грција соопштија дека фокусот на разговорите ќе биде на прашањата поврзани со билатералните политички и економски односи, вклучително и соработката за справување со последиците од пандемијата, како и теми од регионален интерес со акцентот на европската перспектива на Западен Балкан.

Шефовите на дипломатиите на двете земји, како што веќе објави МИА, по средбата ќе потпишат и три меморандуми за соработка: едниот ќе биде за цивилна заштита, другиот за соработка на дипломатските академии и третиот меѓу „Invest North Macedonia“ и „Enterprise Greece“.

По потпишувањето, на меморандумите ќе следи и прес конференција во грчкото МНР на шефовите на двете дипломатии.

Османи ќе се сретне и со алтернативниот шеф на грчката дипломатија, додека пак еднодневната работна посета на Атина ќе ја заврши со средба со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис.

/МИА/

Next Post

Затворен угостителски објект во Куманово, не ги почитувал мерките за спречување на ковид- 19

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk