ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Студија: Значително зајакнување на поврзаноста меѓу С. Македонија и Грција во голем број области

January 14, 2021 11:17
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Постои значително зајакнување на поврзаноста меѓу Северна Македонија и Грција во голем број области на политиките, но потребна е значителна работа да се направи во голем број други области што чекаат на вниманието на засегнатите страни на двете земји. Така што, двете страни треба да дадат целосна политичка поддршка на идејата за повеќестепена поврзаност и да овозможат да произлезат различни форми на соработка. Институционалната рамка треба да се прошири со потпишување на нови билатерални договори и меморандуми. И спроведувањето на постојните договори треба да стане приоритет за обете страни.

Ова е заклучокот на студијата „Проширување на соработката на повеќе нивоа помеѓу Грција и Северна Македонија во пост-Преспанското опкружување“, спроведена со финансирање на Владата на Шведска и реализирана заеднички од Програмата за Југоисточна Европа на грчката Фондација за европска и надворешна политика (ЕЛИАМЕП) во Грција и тинк-тенк организацијата Аналитика во Северна Македонија.

– Нивото на поврзаност помеѓу Грција и Северна Македонија во секое поле од животот, од инфраструктурата, до контактите со луѓето и соработката, стана важен елемент за проценка на напредокот во односите меѓу двете нации од Договорот од Преспа од 2018 година. Целите утврдени во Договорот од Преспа, вклучително и стратешка соработка во сите сектори (член 9), контакти меѓу луѓето (член 12), кооперативни синергии во областа на инфраструктурните врски (член 14), невозможно е да се постигнат и одржат без силни билатерални врски на сите нивоа од животот на два народа, се посочува во студијата.

На презентирањето на студијата минатиот месец говореа амбасадорите на Шведска во Скопје и Атина, претставниците на Елиамеп и на тинк-тенк Аналитика, авторите на студијата, исто така и други заинтересирани страни од Грција, Северна Македонија и други земји.

– Извонредно е да се види подобрувањето што е направено меѓу двете земји. Како што покажува Договорот од Преспа, билатералните решенија можат да бидат конструктивни алатки за подобрување на меѓусоседските односи. Ние сакаме да видиме континуиран и засилен ангажман на ЕУ и соработка меѓу ЕУ и регионот. Шведска ја поддржуваше и ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот европски пат. Лесно е да се заборави дека, во декември 2019, сè уште имавме предизвици да воспоставиме нова методологија и да постигнеме консензус за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија, рече Кристин Форсгрен Бенгтсон, амбасадор на Шведска во Северна Македонија.

Според неа, во 2020 година и покрај кризата Ковид-19, многу од тие предизвици беа решени, но, како што рече, не стигнавме до крај, изразувајќи надеж дека оваа 2021 година ќе биде година на напредок на нашето заедничко патување.

– Сега е време Грција и Северна Македонија да создадат солидна основа пред влезот на Северна Македонија во ЕУ. Затоа што не е прашање дали тоа ќе се случи, туку само кога ќе се случи. И кога тоа ќе се случи, двете земји треба да ги искористат сите свои алатки за креирање политики, како и поддршката на ЕУ, за да развијат културно, социјално и економски богато подрачје каде што луѓето се уверени и веруваат во иднината, рече Шарлот Самелин, амбасадор на Шведска во Грција.

Студијата предлага иновативна рамка за проценка на соработката меѓу двете земји во контекст на опкружувањето по Договорот од Преспа. На соработката се пристапува преку динамичен концепт на поврзаност, кој вклучува и описна димензија (т.е. начини на кои двете земји се поврзани преку разни полиња) и толкувачка (т.е. идејата дека проширувањето на овие врски ќе доведе до поефикасна и корисна соработка).

Во документот се повикува на размислување за соработката како наменски процес, како и за нејзините ограничувања и фактори за олеснување. Преку поврзаноста, оваа студија истовремено ги допира техничките и материјалните аспекти на конекциите (врските) и соработката (т.е. инфраструктура), како и политичките, институционалните и општествените аспекти (т.е. владите, засегнатите страни и граѓанското општество). Студијата треба да претставува еден вид базична основа за мерење на идното темпо на поврзаност и соработка помеѓу Грција и Северна Македонија.

Целта на студијата е да ги зголеми придобивките од поврзаноста, истовремено обезбедувајќи ја нејзината функционална и политичка рамка во пост-Преспанското опкружување. Со студијата се охрабрува да се направат достапни и расположливи податоците за поврзаноста за пошироката јавност, со цел да се забрзаат стратешките одлуки за решенија поврзани со соработка и инвестиции во корист на граѓаните на двете земји.

Студијата ги мапира и прави преглед на тековниот статус и трендовите на врските (конекциите) и нуди докази за тоа кава е тековната поврзаност. Студијата на овој начин, исто така, се обидува да ги идентификува празнините што ја попречуваат поврзаноста со цел да се привлече вниманието на владите, општествата и деловните субјекти од обете страни за евентуално воспоставување агенда за поврзаност во новата ера на односи меѓу двете земји. Со решавање на прашањето за поврзаност, студијата има за цел да придонесе за зајакнување и понатамошно интензивирање и збогатување на соработката во пресрет на Договорот од Преспа.

Поврзаноста, во оваа студија, е разбрана како способност на две општества да можат да се поврзат едни со други и како клучен двигател на соработката помеѓу две општества. Поврзувањето може да има големо влијание врз луѓето, врз бизнисите како и врз владините контакти. Во овој контекст, оваа студија ја проценува поврзаноста меѓу Грција и Северна Македонија, истовремено обезбедувајќи основа за стратегии за придвижување на односите и врските меѓу двата народа, почнувајќи од општите односи, каде што е основата за соработка, па понатаму од силно воспоставените односи кои обезбедуваат одржлива и функционална рамка во пост-Преспанското опкружување.

Студијата ја испитува поврзаноста во скоро сите главни области на политиките, од владата до владините контакти, до деловните контакти, до контактите меѓу луѓето, вклучително и за трговија, енергија, транспорт, телекомуникации, пристаништа, гранични премини, управување со вода, туризам, академија, култура и граѓанско општество. /МИА/

Next Post

Актерката позната како Хурем султан го откри името на својата ќеркичка

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk