ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МОН за средбата на наставници со Царовска: Реформите се потребни и во интерес на децата и на нашите барања

January 21, 2021 13:02
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група денеска се сретнаа со наставници од сите општини во државата со што го продолжија широкиот консултативен процес во врска со предложените реформи во основното образование, соопшти МОН, посочувајќи дека консултациите за концепцијата ќе продолжат и во наредниот период со различни групи засегнати страни.

Како што информкира МОН, наставниците на средбата истакнаа дека реформите се неопходни затоа што со години нема промени во образовниот систем со што практично се уназадува нашето образование.

– Ги поздравија промените со кои се дава поголема слобода во изборот на начинот на којшто ќе ги организираат часовите, но и воведувањето на кариерниот развој, којшто освен напредување во професијата значи и дополнителни финансии. Ова се едни и од клучните долгогодишни барања на наставниот кадар кои сега конечно се решаваат, наведува Министерството во соопштението.

Меѓу главните теми во дискусијата кои, како што информира МОН, се и најбројни меѓу пристигнатите забелешки, се динамиката со која ќе се спроведуваат реформите и обуките што им претстојат на наставниците.

Министерката Мила Царовска на средбата, посочува МОН, истакна дека наставниците се сржта на образованието и новата реформа се фокусира на нив и на нивниот професионален развој. Министерката рече дека наставниците се повеќе од потребни во овој процес и никој нема да ја изгуби работата и ниту еден предмет нема да биде укинат. Имплементирањето на реформата, откако ќе биде донесена концепцијата, ќе се одвива постепено во следните шест години. Планот е да започне во прво и во четврто одделение од идната учебна година.

– Наставниците се фокусот на оваа реформа и се вклучени во нејзиното создавање од самиот почеток. Тие имаат централно место во системот и од нив зависи квалитетот на целокупното образование. Затоа, тие беа вклучени од самиот почеток во дефинирањето на клучните промени кои ги бараат и кои самите знаат дека ќе го подобрат нивното работење, условите за работи и квалитетот на наставата. Јас сум горда што првпат овозможуваме кариерен развој за наставниците, нешто што беше клучно за да се зголеми мотивираноста кај нив и квалитетот на наставата. Се обврзуваме како министерство дека реформата ќе ја дочекаме подготвени и ќе дадеме максимум за секој да биде целосно мотивиран и спремен да почне со работа. Свесна сум дека секоја промена носи страв и дека промените не се лесни, но уверувам дека се во интерес на сите и пред сé на наставниците, рече Царовска.

МОН наведува дека реформата во основно образование е дел од Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование и е дел од владината програма. Во нејзината изработка беа вклучени универзитетски професори, наставници, а земени се предвид и ставовите на родителите, учениците и родителите.

 

/МИА/
Next Post

Мицкоски кај Грујо и Орбан, другиве на заедничко следење на инаугурацијата во американска амбасада

Shortcut

Најново

Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk