Безидејната ВМРО-ДПМНЕ лаже дека пензиите се намалувале. Напротив, за само три години додека СДСМ ја предводи Владата, пензиите во просек се зголемени за над 1.800 денари, соопштуваат од СДСМ.
Програмскиот совет на МРТ (Национална радиотелевизија) ја одложи седницата, на која, меѓу другото, требаше да се расправа за распишување конкурс за избор на нов директор и заменик-директор на јавниот сервис.
Која е Татјана Михајлова – разрешената судијка што му местела судии на Груевски, ги оспори „бомбите“ како докази и ги казни Јанева и Фетаи? Многу оскудни информации можат да не најдат на официјалната страна на судот за биографијата на разрешната судијка Татјана Михајлова. Пишува само дека работела кривична материја. Но, на јавност и е позната по предметите кои ги водела, како и по тоа дека беше в.д претседателка на Кривичниот суд од декемрви 2016 година, се до нејзината неотповиклива оставка на 7 март 2017 година (само по три месеци).
Продолжуваме силно да се бориме против насилството и да ги охрабруваме жртвите јасно и гласно да говорат, рече Шахпаска. Состојбата во нашата држава се менува во позитивна насока, особено последниве неколку години,затоа што говориме многу гласно за овие прашања. Затоа што организирано како институции, како власт, како парламентарци правиме се што придонесува за состојбите на насилството, да бидат состојби за кои јавно ќе зборуваме, со цел подигнување на јавната свест, додаде.
Министерката за образование и наука Мила Царовска денес по повод стартот на второто полугодие го посети средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје. Директорот дава целосна поддршка на реформите кои претстојат.
Бележиме стабилизација на епидемијата во земјата. Речиси сите епидемиолошки параметри според кои се евалуира состојбата со епидемијата бележат тренд на намалување, односно зголемување во однос на бројката на оздравени случаи, соопшти Министерството за здравство.
ФРОНТ:
Програмски совет на МРТВ… Фатени живи и осуетени – пишува Џабир Дерала
Демократите ја презедоа контролата и во Сенатот на САД. Тројца нови американски сенатори положија заклетва вчера веднаш по инаугурацијата на претседателот Џозеф Бајден, со што Демократската партија обезбеди контрола над Горниот дом на Конгресот на САД.